Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Aкцелераторот УКИМ со поддршка до 100.000 евра за старт ап компаниите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Aкцелераторот УКИМ со поддршка до 100.000 евра за старт ап компаниите
АгровестиФондови

Aкцелераторот УКИМ со поддршка до 100.000 евра за старт ап компаниите

Објавено 16/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бизнис Акцелераторот УКИМ (БАУ) ја лансира новата инвестициска програма за поддршка на старт-ап компании со висок потенцијал за раст и комерцијализација.

-Ги повикуваме иновативни стартапи и бизниси во рана фаза, со значителен потенцијал за раст, да аплицираат за финансирање / инвестирање на нашиот повик за поддршка и заедно да растеме. Вкупната поддршка што ја обезбедивме е половина милион евра, но секоја старт-ап компанија може да аплицира за инвестиција до 100.000 евра. Обезбедуваме поддршка со пари, со знаење од стручната јавност – професорите и ментори, како и поддршка за отворање нови пазари. Едноставно, забрзувањето што го обезбедуваме во соработка со нашите ко-основачи, со меѓународната мрежа на ментори и институционални партнери, ќе овозможи успешно да се забрза и зголеми бизнисот, пенетрацијата на пазарот и растот на приходите за оние што ќе добијат поддршка, вели Александар Стамболиев, извршен директор на БАУ.

Овој акцелератор е отворен за инвестиции во која било старт ап компанија или компанија во рана фаза, која поседува иновативни производи и / или услуги, без оглед дали се работи за B2B или B2C. Таргет се сектори со висок раст, вклучително и високотехнолошки системи со експлоатација big data, data science, паметни околини, ИКТ, фина технологија, мобилни апликации, AI / VR, агротехника, здравствена технологија, зелена / чиста технологија, паметни решенија за автомобилската индустрија. БАУ, исто така, цели на напредни проекти за истражување и развој со голем и брз потенцијал за комерцијализација.

Од БАУ информираат дека, според истражувањата, главна причина за пропаст на повеќе од 42 отсто од старт ап фирмите (истражување на CB Insights) е тоа што не нудат производ или услуга која е потребна на пазарот. Второ, причина за неуспехот е немањето финансиска поддршка.

-Ова укажува на фактот дека иноваторите, односно основачите на старт-ап компаниите се лудо заљубени во своите идеи и толку многу сигурни во нивната применливост, што забораваат да ја направат најважната работа при почнување на еден бизнис: да го истражат пазарот, да се детектираат потребите на потенцијалните клиенти и потоа, да поминат кон реализација на идејата. Дополнително, не секогаш иноваторите се консултираат со стручни лица (ментори) кои би ги воделе низ целиот процес, со совети базирани на нивното претходно искуство во слична проблематика. Бизнис конекциите во локалните пазари се есенцијални за да се најде пласман за производот. БАУ како акцелератор има визија да одговори на овие предизвици и да помогне старт ап фирмите да прераснат во сериозни бизниси со профит за основачите и за инвеститорите, наведуваат од БАУ.

Затоа, дополнуават, поддршката е наменета за старт-ап компании регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија во согласност со Законот за трговски друштва и Законот за иновативна дејност во Македонија. Старт-ап компаниите мора да бидат во македонска сопственост.

Секоја компанија која сака да аплицира за поддршка тоа може да го стори на следниот линк: https://www.f6s.com/accelerator-ukim-investment/.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бизнисс акцелераторподдршкастарт-апУКИМ
Претходен напис Бектеши: Почнува реализацијата на петте мерки за директна поддршка за туристичките работници
Следен напис Од продажба на земјоделско земјиште Заев очекува 200 до 300 милиони евра. Попова Шапка може да оди во „пакет“ со Брезовица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?