Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Почнува реализацијата на петте мерки за директна поддршка за туристичките работници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Почнува реализацијата на петте мерки за директна поддршка за туристичките работници
Агровести

Бектеши: Почнува реализацијата на петте мерки за директна поддршка за туристичките работници

Објавено 16/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за еконмија денеска почнува со реализација на пет мерки од четвртиот сет кои се директна поддршка за туристичките и угостителските работници кои беа погодени со пандемијата од Ковид-19. Мерките се донесени во консултација со приватниот сектор и сметаме дека ќе бидат многу значајна поддршка, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Петте мерки, како што рече на денешната прес-конференција, се Враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти, Грантови за туристички агенции, Грантови за категоризирани ресторани за свадби, Грантови за игротеки, и Грантови за лиценцирани туристички водичи.

-За реализација на сите пет мерки Министерството за економија со ребалансот на Буџетот има обезбедено средства во износ од 459,65 милиони денари денари, односно 7,5 милиони евра. Рокот на аплицирање за овие пет мерки е 27 ноември, а финансиската поддршка ќе биде исплатена до крајот на годината, истакна Бектеши.

Со цел почитување на сите здраствени протоколи, потенцира, реализацијата на мерките ќе се спроведува преку платформата www.domasiedoma.gov.mk или www.pushimenevend.gov.mk на која апликантите ќе можат да ги поднесат нивните барања и потребна документација онлајн. На платформата се прикачени и јавните повици и програмите, но исто така Министерството за економија ќе одговори на сите прашања поврзани со мерките преку Секторот за туризам. Веродостојноста на податоците ќе сепроверува преку надлежните институции како што се Министерство за финансии УЈП, Агенцијата за вработување, како и Државен пазарен инспекторат.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бектешипет меркиреализацијатуристички работници
Претходен напис Стопанската комора со предлог-мерки за поуспешна туристичка сезона во 2021 година
Следен напис Aкцелераторот УКИМ со поддршка до 100.000 евра за старт ап компаниите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?