Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски : На располагање се неповратни средства за развој на рибарството и аквакултурата во земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски : На располагање се неповратни средства за развој на рибарството и аквакултурата во земјава
Агровести

Бабовски : На располагање се неповратни средства за развој на рибарството и аквакултурата во земјава

Објавено 10/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денеска, па се до крајот на овој месец, сите кои сакаат да градат нови, да ги ревитализираат или обноват старите рибници, мрестилиштата  или мандрите, ќе може да поднесат барање за добивање на средства од Програмата за рибарство и аквакултура. За неповратни средства може да аплицираат и сите кои од 1- ви јули до 30- ти септември набавиле порибителен материјал за насадување на рибниците.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, појаснува дека станува збор за доделување на неповратни финансиски средства ( грант). Средствата се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиската поддршка за изградба на нови, реконструкција и адапатација на постојните рибници, изнесува до 1.000.000,00 денари.

Иста финансиска поддршка може да добијат и апликантите кои се корисници на мандри за традиционален лов на риби и кои ги реконструирале истите.

До 1.500.000,00 денари може да добијат сите кои сакаат да ги рехабилитираат риболовните води и мрестилиштата.  Грант до 30.000 денари може да добијат и сите кои имаат направено  заштита на риболовните ревири и рекреативни зони . До 150.000 денари грант, може да добијат оние баратели кои ќе поднесат барање за заштита на риболовни зони, додека до 400.000 денари грант, им следува на сите апликанти кои аплицираат за заштита на риболовни подрачја.

Оваа поддршка може да ја добијат сите кои имаат направено прифатливи трошоци за физичка заштита на рибите, за  рибочувари, за гориво за пловни објекти кои се во сопственост на концесионерот во време на природен мрест во период од 1 – ви април до 15 – ти јули 2020 година.

Барање за добивање на финансиска поддршка може да поднесат и оние кои од 01 јули до 30 септември годинава набавиле порибителен материјал за насадување на рибниците.

Средствата од оваа потточка 2.2. се исплаќаат скалесто и тоа:

– за купен или сопствен подмладок до 2.500 кг – 100% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;

– за купен или сопствен подмладок од 2.500 кг до 5000 – 75% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;

– за купен или сопствен подмладок од 5.000 кг до 7500 – 50% од вредноста на утврдената цена на подмладокот;

– за купен или сопствен подмладок над 7.500 – 25% од вредноста на утврдената цена на подмладокот.

Образците како и барањето за исплата на средства заедно со листата на потребни документи кои се доставува во прилог на барањето се достапни на веб страната на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

Барателите потребно е да поднесат уредно и комплетно пополнето барање за секоја мерка/потточка одделно.

Сите потенцијални баратели целокупната документација треба да ја достават  во затворен плик, преку пошта на адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ул. бул,,3-та Македонска Бригада, бр.20 (зграда на Македонија Табак Блок Ц) 1000 Скопје, или со предавање во архивата на Агенцијата. На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува “НЕ ОТВАРАЈ” и мерката / потточката за која аплицира

Крајниот рок за аплицирање е 30.11.2020 година.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:аквакултурабабовскинеповратни средставарибарство
Претходен напис Азески: Земјоделството и туризмот – надеж за постоковид развој
Следен напис (Видео) Одгледувањето на лешници е маратон кој се трча цел живот, но сепак добро се заработува!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?