Данците планираат да ја уништат целокупната популација на куни, чиј број моментално во Данска достигнува повеќе од 17 милиони, откако на фармите каде што се одгледуваат е откриена мутирана верзија на корона вирусот која може да се прошири на луѓето, пишува Ројтерс.
Премиерката на Данска, Мете Фредриксен на конференцијата за новинарите го цитираше извештајот, во кој се наведува дека е утврдено постоење на мутиран вирус кој предизвикува слабеење на способноста на телото да создава антитела, што потенцијално ги прави неефикасни вакцините кои моментално се во развој.
Данската влада исто така соопшти дека, мутираниот вирус од куните преминал на луѓето и дека со него до сега се заразени 12 лица.
Извештајот е испратен до Светската здравствена организација и Европскиот центар за превенција и контрола на болести, врз основа на лабораториските тестови направени во Државниот институт за серум, дански надлежен орган кој се занимава со заразни болести.
Данска е најгоелм светски производител на крзно од нерц, а извозот на крзно од куни прави 1% од целокупниот БДП на Данска.
Премиерката Фредериксен ја опиша состојбата како “многу, многу сериозна“.
-„Имаме голема одговорност кон сопственото население, но со мутацијата која сега е пронајдена, имаме уште поголема одговорност и за остатокот од светот“, изјави премиерката.
Треба да се убијат куните во повеќе од 1.000 фарми, што полицијата го опишува како „многу голем зафат кој мора да се заврши што поскоро“.
Шпанија во јули уништи 100.000 куни откако беа откриени заразени животни на фарма во провинцијата Арагон, а десетина илјади куни, исто така беа уништени во Холандија по избувнување на заразата на тамошните фарми.
Во тек се испитувањата за да се открие како и зошто се заразиле куните и на кој начин ја шират болеста.
Извор: agronews.rs
