Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СКСЗМ со нова услуга, пост Ковид поддршка за 15 микро и мали компании
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СКСЗМ со нова услуга, пост Ковид поддршка за 15 микро и мали компании
Агровести

СКСЗМ со нова услуга, пост Ковид поддршка за 15 микро и мали компании

Објавено 02/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) ќе поддржи 15 микро и мали компании во рамки на пост Ковид 10 трансформативната програма, финансиски поддржана и од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Компаниите ќе добијат директна поддршка за обезбедување ликвидност, за зачувување на работните места, како и приклучување во ланецот на снабдување на Комората, што ќе значи проширување на домашниот пазар преку стратегија за продажба, преговори, маркетинг активности и управување со кризи.

Дриљон Исени, извршен директор на СКСЗМ истакнува дека преку програмата ќе се поддржат 15 локални микро и мали компании, кои ќе станат членки на Комората во наредните две години и ќе добијат бесплатно членство во првата година.

– Тие ќе добијат информации за законската усогласеност, деловни можности и пристап до финансии. Обезбедуваме обуки за далечинско и дигитално работење и е-трговија во рамки на Центарот за обуки на Комората, што ќе резултира со приближување до нови пазари преку дигитализацијата. Комората ќе обезбеди низа промотивни алатки за секоја компанија и создавање маркетинг содржина за социјалните медиуми, видео промоција и организирање состаноци со други бизниси, вели Исени.

Од Комората веруваат и очекуваат поддршката да им помогне на компаниите во прилагодување и трансформирање на своите активности согласно околностите од пандемијата на вирусот Ковид-19.

– Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем од секогаш се позиционирал партнерски кон своите грантисти, настојувајќи да биде што е можно пофлексибилен адаптирајќи се кон моменталните услови на работа. Ова е посебно важно во сегашниве услови на пандемија каде состојбата бргу се менува и е сосема неизвесна. Овој пристап мотивира и придонесува кон изнаоѓање на иновативни решенија за прилагодување на договорените програми на организациите кои ги подржуваме, како што е Комората, создавајќи најповолни услови за постигнување на максимални резултати и задоволување на потребите на крајните корисници на услугите, а тоа се бизнисите, изјави Дејан Јаневски, директор на Проектот.

Од СКСЗМ информираат дека компаниите добитници ќе бидат избрани преку отворен повик и врз основа на принципот „прв дојден – прв услужен”. – Секоја компанија ќе добие сопствена пост Ковид 19 трансформативна програма, односно ќе добие изработка на бизнис план, обуки за продажба, онлајн маркетинг, преговарање, потоа менторство, како и промотивно видео, посочуваат од СКСЗМ.

Со ова, вели Исени, компаниите ќе добијат бесплатно членство, ќе ги задржат актуелните пазари, ќе ги прошират своите деловни активности, ќе отворат нови пазари и ќе ги зголемат сопствените капацитети за продажба, за промоција и за производство, ќе создадат нови работни места и ќе ги зголемат приходите.

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:мали компаниимикро компанииподдршкапост КовидСКСЗМ
Претходен напис Југоисточниот регион доби 23 агрометеоролошки станици за поквалитетно производство на овошје и зеленчук по еколошки стандарди
Следен напис Чу Донгју: Силни партнерства за трансформација на земјоделско-прехранбените системи во Европа, Централна Азија и пошироко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?