Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Југоисточниот регион доби 23 агрометеоролошки станици за поквалитетно производство на овошје и зеленчук по еколошки стандарди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Југоисточниот регион доби 23 агрометеоролошки станици за поквалитетно производство на овошје и зеленчук по еколошки стандарди
Агровести

Југоисточниот регион доби 23 агрометеоролошки станици за поквалитетно производство на овошје и зеленчук по еколошки стандарди

Објавено 01/11/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Инсталирани се 23 агрометеоролошки станици во сите 10 општини во Југоисточниот регион за модернизација и подобрување на земјоделското производство со вкупна вредност од  5.077.786 денари. Покрај подобрување на квалитетот на овошјето и зеленчукот со намалување на обемот на третман со хемиски препарати на земјоделските култури, овие станици ја намалуваат загаденоста на воздухот, почвата, водата, а преку проектот земјоделците имаат полесен пристап до информации за климатските промени за правилно управување со земјоделските култури.

Заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитриовски вели дека ваков тип проекти, навистина можат многу да помогнат за развојот на Југоисточниот плански регион и особено за поголем придонес во земјоделството за да ги насочат земјоделците како да стигнат до подобри производи, до поголем квалитет на овошјето и зеленчукот, а сето тоа на крајот да придонесе за економскиот развој.

Според него, како што соопштуваат од Министерството за локална самоуправа, овој проект е охрабрување на земјоделците од југоисточен регион да користат нови методи за управување со земјоделски култури и заштита на животната средина.

-Ова е една од 23-те агрометеоролошки станици кои што се инсталирани во Југоисточниот плански регион. Апелирам до земјоделците да ги користат што повеќе овие можности, овие корисни податоци, како би постигнале што поголем успех во нивната работа, порача Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица.

Тој појасни и дека ќе се организираат информативни денови и посети со цел да се воведат новите методи за управување со земјоделството во југоисточен регион, а подготвена е и веб-страница www.agrojug.mk; развиен софтвер за предвидување на болести на одредени култури и мобилна апликација (Метеобот) за временска прогноза на 23 локации во Југоисточен регион. – Она што е интересно е дека успешните примери од некои од регионите потоа се реплицираат и во другите региони, што значи дека она што се инвестира ги дава саканите резултати, вели Мирјана Македонска, национална програмска координаторка во Амбасадата на Швајцарија.

Според неа проектот „Одржив и инклузивен рамномерен регионален развој“ се спроведува успешно во сите осум плански региони во соработка со Министерството за локална самоуправа.

-Поставувањето на 23-те агрометереолошки станици се од голем бенефит за граѓаните на Југоисточниот плански регион, и податоците ги користат преку паметни телефони од мобилна апликација каде што ги дава сите параметри во однос на временската прогноза, а дополнително на веб страната има параметри и за предвидување болести кај растенијата. Досегашните резултати што даваат во однос на користењето е дека повеќе од 1000 корисници ја користат веб страната а над 3000 корисници ја користат мобилната апликација преку паметни телефони, а нашата цел е со текот на времето и се повеќе да го промовираме проектот со цел повеќе да се користат и да го зголемиме производството во југоисточниот плански регион, вели Жулиета Ѓуркова, раководителка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Според Дичко Ристев, раководител на производство оваа агрометеоролошка станица преку апликација вградена на мобилниот телефон во секое време дава податоци колку е температурата, каква е влагата на почвата на длабочина од 10 до 40 сантиметри. Преку апликацијата се добиваат информации колку е влажноста, дали има оросување, а тоа наоѓа примена во земјоделското производство, почнувајќи од откопување на време, прскање хемиска заштеда на време, берба на време, а сето тоа е овозможено преку метеоролошката станица со овие податоци, со што производството се зголемува за 30-35 проценти.

– Голема чест ни е што и во нашето училиште, покрај големиот број  метеоролошки станици и има еден ваков пример каде 300 ученици имаат можност да се запознаат со новите технологии, посебно во делот на мерењето на климатските фактори кои се едни од битните фактори во земјоделството и учениците имаат можност во текот на практичните вежби да се запознаат со овие метеоролошки станици и дека поголемиот дел од професорите кои се стручни во делот од земјоделството имаат можност да се запознаат со тие нови технологии за да можат подоцна да ги пренесуваат на следните генерации на ученици. Ваквите примери се надеваме дека ќе продолжат и понатаму во нашето училиште затоа што ваквите училишта се расадник на знаењето и на воведувањето на новите технологии, покрај во училиштето и ваквите примери ќе ги применуваат и на своите површини во понатамошниот живот, вели Томе Тимов, професор во средно општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агрометеоролошки станициеколошки стандардијугоисточен регионпроизводство
Претходен напис Овој народен лек го зајакнува имунитетот и го чува вашето здравје! (Рецепт)
Следен напис СКСЗМ со нова услуга, пост Ковид поддршка за 15 микро и мали компании
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?