Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Овоштарите од Преспа бараат спас од дивите трговци во земјоделските задруги
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Овоштарите од Преспа бараат спас од дивите трговци во земјоделските задруги
Агровести

Овоштарите од Преспа бараат спас од дивите трговци во земјоделските задруги

Објавено 30/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Преспа се собираат и продаваат јаболката од годинешниот род, а сè уште има овоштари кои измамени од диви трговци не ги добиле парите за претходните реколти. Ова како проблем се провлекува со години, а од еснафските здруженија спасот од вакви малверзации го гледаат во здружување на земјоделците во земјоделски задруги. Годинава во Преспа се отворени уште четири нови задруги, а вкупно ги има шест.

„Дивите трговци ги искористуваа законските дупки и трудот на овоштарите, ја паѓаат цената на јаболкото, а со години не им плаќаат на овоштарите, па должат милионски суми. Отвораат фирма оваа година, ја затвораат, па догодина друга фирма, таа должи обврски кон куп овоштари кои не ја разбираат проблематиката и остануваат со кратки ракави, не им ги исплаќаат откупените јаболка. Тоа со земјоделските задруги ќе се надмине“, вели Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен.

Задругите ќе треба да обезбедат посигурен пласман на македонското јаболко на странските пазари. Во Европа, а посебно во балканските држави побарувачката за јаболка е голема, некои од нив беа соочени со невремиња, па намалено им е домашното производство.

„Во моментот во цела Европа родот на јаболка е помал, па побарувачката е голема. Цените се движат од 14 до 20 денари за килограм јаболко од екстра класа. Ова е најава за добра година за продажба на јаболката. Овоштарите ќе бидат задоволни ако продолжи овој тренд“, вели Пампулевски.

Но, постои опасност корона кризата да го издолжи патот на македонското јаболко до странските трпези.

„Не знаеме како работите ќе се одвиваат со корона кризата, дали ќе има карантини, затворање на граници. Тоа може да има влијание да се пролонгира продажбата. Продажбата до последен килограм би требало да е до март или април. Да не го пропуштиме рускиот пазар кој до јануари би можел да го проголта целото јаболко, доколку нема одредени бариери“, додава Пампулевски.

Од планираните 160.000 тони, во Преспа годинава родија околу 120.000 тони јаболка зашто сѐ уште се чувствуваат последиците од ланскиот ураган. Насадите кои ланското лето беа погодени од силното невреме, па им беа оштетени овошките и лисната маса не родија ни годинава. Од државниот буџетот деновиве префрлени се скоро 80 милиони денари на Општина Ресен, за обесштетување на овоштарите погодени од невремето во 2019 година. Општината во законскиот рок од еден месец ќе им ги исплати парите на производителите на овошки.

Инаку годинава родот е квалитетен. Петнаесет проценти од јаболката се екстра класа, 75 проценти прва класа, а останатото е втора класа.

Извор: Радио Слободна Европа

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:диви трговциземјоделски задругиовоштарипреспа
Претходен напис Заштита на јаболчестите и коскестите овошни видови во текот на зимскиот и рано пролетниот период
Следен напис (ВИДЕО)Стоп за африканската свинска чума: Фармери, ова е важно за вас!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?