Фармите во иднина ќе бидат целосно роботизирани, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, со тоа што кравите слободно ќе се движат, а сето тоа со цел нивна благосостојба да биде загарантирана. Тоа е основната порака на настанот „ Lely Future Farm Days“, организиран од страна холандската компанија „Lely “. Настанот бил организиран со цел да се претстават нови концепти на автоматизација и кружни решенија.
„Влијанието на земјоделството врз животната средина е исто така под зголемена контрола, а регулативите стануваат сè построги. Производителите на млечни производи треба да го променат начинот на работа за да ја обезбедат својата иднина“, изјави извршниот директор на компанијата, Андре ван Троуст.
Нивната визија за иднината вклучува кружно управување со фармата и за таа цел тие воведоа три иновативни производи наречени: – „Lely Exos“,„ Lely Sphere“ и „Lely Horizon“.
Кравите постојано се снабдуваат со свежа трева
Lely Exos е првиот целосно автономен систем за косење на трева, за време на вегетацијата и хранењето со свежа трева на животните во шталата. Ова електрично возило самостојно коси, товари и ја дистрибуира тревата до кравите. На овој начин им се обезбедува свеж извор на храна 24 часа на ден, заштедувајќи им време и работа на одгледувачите на говеда.
Друг бонус на овој систем се помалите трошоци за работна сила и храна. Имено, искуството на експерименталните фарми покажа дека една млечна фарма со помош на оваа машина може да задоволи половина од нејзините потреби за добиточна храна, што вклучува свежа трева во текот на целата сезоната и тоа од рана пролет до доцна есен.
„Lely Sphere“ сосздава три типа на ѓубриво
Оддвојувањето на урината од остатокот на изметот е можно со иновативна машина наречена „Lely Sphere“. Системот ги одделува шталското ѓубривото и урината, ја трансформира емисијата на азот и создава три важни видови ѓубриво – азот, фосфор и калиум.
„Ова машина е дизајнирана така да им помогне на млекопроизводителите да ги искористат максимално хранливите состојки од храната и истовремено да го поттикнат растот на посевите“, објасни Корстијан Блокланд, менаџер за иновации на компанијата

Зголеменото количество на минерали во арското ѓубриво и можноста за нивно искористување ќе значи и помала употреба на вештачки ѓубрива. Исто така, официјалните мерења на фармите каде што е направена тест проба, се покажало дека вкупните емисии на амонијак од шталите се намалиле приближно за 70%.
Нова апликација за управување со фармите
Компанијата исто така го имплементираше и системот „Lely Horizon“ , која всушност претставува апликација за управување со фармата. Тоа е платформа што анализира податоци, нуди увид и дава проактивни совети за да им се олесни животот на сточарите, да се следи здравјето на стадото и да се направи фармата попрофитабилна.
Оваа апликација треба да го замени сегашниот систем за контрола T4C и е дизајниран за да ги поврзе податоците на сите роботи „Lely“ кои ќе даваат релевантн корисни информации. До нив може да се пристапи со кој било уред и во кое било време.
Патем, оваа компанија е основана уште во 1948 година и повеќе од 25 години е во првите редови за продажба и услуги на автоматизирани системи за молзење. Исто така, во компанијата постојано работат на иновации со кои ќе им се обезбедат на земјоделците врвни услуги што ќе им го олеснат бизнисот.
Во видеото што следи можете да погледнете како изгледа нивната визија за тоа како треба да изгледа една фармата во иднина:
Извор: Агроклуб
