Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НБ: Постепено закрепнување на економијата и поумерено влијанието на кризата во третиот квартал
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НБ: Постепено закрепнување на економијата и поумерено влијанието на кризата во третиот квартал
Агровести

НБ: Постепено закрепнување на економијата и поумерено влијанието на кризата во третиот квартал

Објавено 27/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Влијанието на зравствената криза врз економската активност во третиот квартал е поумерено, покажуваат податоците со кои располага Народната банка, кои упатуваат и на постепено закрепнување на економијата.

-Согласно со објавените проценети податоци за БДП, во првата половина од 2020 година реалниот БДП се намали за 6,4 отсто на годишна основа, што е сепак малку послабо остварување во однос на априлските проекции, поради отстапувањето за првиот квартал. Во однос на економската активност во третиот квартал на 2020 година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот јули-август 2020 година, општо земено, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност, а во споредба со претходниот квартал движењата во домашната економија се поповолни.

Имено, во услови на постепено олабавување на рестриктивните мерки против ковид-19 и преземените мерки за поддршка на економијата, податоците за овој период покажуваат значително забавување на годишниот пад на индустријата, градежништвото, прометот во угостителството, а делумно и кај прометот во вкупната трговија, наведуваат од Народната банка.

Во однос на промените кај потрошувачките цени, остварувањето во септември 2020 година со годишна стапка на инфлација од 1,9 отсто е повисоко во однос на априлската проекција.

Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурната зона. Од Народната банка наведуваат дека во текот на третиот квартал на 2020 година, главните фактори на промена на девизните резерви (приспособени за ценовните и курсните разлики и ценовните промени на хартиите од вредност) беа редовната отплата на обврските на јавниот сектор кон странство и интервенциите на девизниот пазар од страна на Народната банка. Во почетокот на октомври 2020 година е остварен прилив на сметката на државата од околу 80 милиони евра, во вид на заем во рамките на макрофинансиската помош од Европската комисија.

Податоците за менувачкиот пазар заклучно со септември упатуваат на пониски остварувања кај приватните трансфери во однос на проектираните за третиот квартал. Истовремено, податоците за надворешнотрговската размена заклучно со август упатуваат на можност за остварување трговски дефицит главно во согласност со очекуваниот според априлската проекција.

Според финалните податоци за август кај вкупните депозити има месечен пад од 1,1 отсто, наспроти растот во претходниот месец (0,3%), додека кај кредитите на приватниот сектор во август забележаа месечен пад од 1,4 отсто наспроти растот во претходниот месец од 0,7 отсто.

Податоците на Народната банка покажуваат дека во Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари-август е остварен дефицит од 34.914 милиони денари и дека буџетскиот дефицит во најголем дел е финансиран преку користење странски заеми, при што дел од приливите се задржани како депозити на државата кај Народната банка. Воедно, додаваат, во овој период, државата дополнително се задолжи на домашниот пазар на државни хартии од вредност и кај домашните банки.

Остварениот буџетски дефицит за првите е осум месеци од годината претставува 61,7 отсто од дефицитот предвиден со октомврискиот ребаланс на Буџетот за 2020 година, којшто е во собраниска процедура.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економијаНБтрет кварталумерено влијание
Претходен напис Нивоата на повеќето реки во земјава под октомврискиот просек
Следен напис Печурката е предизвик за кривопаланчани: Дневно може да се заработи и по сто евра, искусни печуркари во сезона и до 3000 евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?