Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Компаниите со најниски приходи ќе добијат најголема финансиска поддршка за исплата на плати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Компаниите со најниски приходи ќе добијат најголема финансиска поддршка за исплата на плати
Агровести

Компаниите со најниски приходи ќе добијат најголема финансиска поддршка за исплата на плати

Објавено 23/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компаниите кои се потешко погодени од кризата, односно кои имаат поголем пад на приходите, ќе добијат поголема финансиска поддршка за исплата на плати, предвидува новиот Предлог-закон за финансиска поддршка што вчера го усвои Владата и кој ќе биде испратен на усвојување во Собранието. 

Од Министерството за финансии денеска појаснија дека доколку компанијата има намален приход од над 80 проценти, тогаш износот на финансиска поддршка за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен, додека компаниите со намален приход од 30 до 40 проценти, ќе добијат поддршка до 14.500 денари по вработен.

За намален приход од 40,01 до 50 проценти предвидени се до 15.955 денари по вработен, за намален приход од 50,01 до 60 проценти до 17.410 денари, за намален приход од 60,01 до 70 проценти до 18.865 денари по вработен и за намален приход од 70,01 до 80 проценти до 20.320 денари по вработен.

– Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен, до 7-ми во месецот за претходниот месец, а корисници можат да бидат фирмите кои имаат најмалку 30 проценти пад на приходи во референтниот период од април до октомври 2020 година, спроедено со истиот период минатата година, информираат од Министерството за финансии. 

Во законското решение предвидени се и заштитни механизми за платата да стигне во целост до работникот, односно во случај работодавачот да исплати помала плата, превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.

Со предлог законот не се опфатени фирми кои оствариле поголем профит од 10 милиони евра кумулативно во последните три години. – Како рефрентен период во законот се зема финансискиот резултат на фирмите од април до октомври, ноември и декември 2020 година и се споредува со истиот период лани. Во случај фирмата да е регистрирана по септември 2019 година, се зема датумот од запишување во Централен регистар, велат од Министертвото.

Фирмите кои аплицираат за мерката, не можат да исплаќаат дивиденда и награди за деловна успешност. Можат да имаат најмногу 10 проценти од вработените со месечна нето-плата од над 120.000 денари.

За оваа мерка не можат да аплицираат фирми кои во јуни, јули, август и септември исплатиле нето плата по вработен повисока од 39.900 денари. Мерката не можат користат и фирми кои за вработени ја користат мерката „Македонија вработува”, како и за вработени кои се ангажирани за дополнително работење.

Работодавачите кои ќе ја користат мерката, не смеат да го намалат бројот на вработени два месеци по завршување на месецот за кој е користена финансиската поддршка, заклучно со февруари 2021 година, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично. 

МИА

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:компаниимеркаплатипомош
Претходен напис Хоџа: Ќе продолжат редовните контроли за да се спречи уништување на биодиверзитетот на Охридското езеро.
Следен напис Новата српска влада со три нови министерства – ресори за селото, човековите права и семејството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?