Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пет млади лица ги реализираа своите бизнис идеи преку грантови на ПСМ Фондацијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пет млади лица ги реализираа своите бизнис идеи преку грантови на ПСМ Фондацијата
Агровести

Пет млади лица ги реализираа своите бизнис идеи преку грантови на ПСМ Фондацијата

Објавено 16/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ПСМ Фондацијата заедно со проектниот конзорциум во состав на проектот „Балканско-медитерански центар за претприемништво и иновации“ (БалканМед ИННОВА) успешно финансираше, менторираше и обучи пет стартап компании на млади лица чии бизнис идеи беа наградени со грантови за почнување бизнис со вкупен фонд од 20.000 евра.

Добитниците на грантовите се победници на натпреварот за бизнис планови, млади лица од земјава, кои учествуваат во онлајн акцелераторска програма за почнување бизнис.

За учество на програмата аплицираа вкупно 250 лица од целата земја, а таа содржеше пет фази. Прва фаза – пред-акцелераторска програма со одржани вебинари за генерирање на бизнис идеи, втора фаза за подготовка на бизнис канвас, третата фаза во која се вршеше селекција на 10 најдобри бизнис идеи, по што во четвртата фаза тие беа менторирани од експерти во областа за развој, и конечно петтата фаза бизнис план натпревар, каде пет најдобри идеи добија финансиска поддршка за почнување на нивните бизниси.

Петте најиновативни идеи кои беа избрани и добија финансиска поддршка по 4.000 евра за почнување на сопствените бизниси се: „Беровко“, основач Душица Крстеска – Производство на домашни џемови, сирупи и безглутенски тестенини, „Анти-стрес соба“, основач Горан Бошковски – Специјализирана просторија за ослободување од стрес и задоволување на адреналински потреби. „Еден живот“, основач Мартин Спасовски – Развој и производство на електричен мотор, „Камера Обскура“, основач Нена Минчев – Центар за медиуми и забава – креативен простор за соработка, продукција, изложби и аудио-визуелни проекции и „Маткасе“, основач Васја Петковска – Услуга за испорака на комплети со рецепти за јадење (meal kits).

Компаниите успешно ги искористија финансиските средства доделени од ПСМ Фондацијата, кои беа употребени за набавка на опрема, материјали и услуги со цел започнување на бизнисите. Компаниите активно ги имплементираат нивните бизнис активности, соработуваат со маркетинг агенции и започнуваат со промоција со цел запознавање на пазарот и купувачите со нивните услуги.

Проектот, кој почна во 2017 година, имаше за цел низ обука, размена на знаења и искуства, како и трансфер на технологии да овозможи поддршка на веќе постоечки мали и средни претпријатија, како и на сите потенцијални стартапи. Проектот беше насочен кон претприемачите, а целта беше да се здобијат со нови знаења и вештини и да воспостават контакти со бизнис заедниците од земјите-партнери на проектот.

Активностите беа спроведени преку проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската Унија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:млади лицапроектиПСМ Фондација
Претходен напис Светски ден на храната: Ковид–19 дополнително му наштети на прехрамбениот систем
Следен напис Заев: Нема да носиме одлуки кои ќе и штетат на економијата, имаме механизми за справување со корона-кризата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?