Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светски ден на храната: Ковид–19 дополнително му наштети на прехрамбениот систем
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светски ден на храната: Ковид–19 дополнително му наштети на прехрамбениот систем
Агровести

Светски ден на храната: Ковид–19 дополнително му наштети на прехрамбениот систем

Објавено 16/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фактот дека во светот нема доволно храна, на овие наши простори тешко може да се разбере.

Ситуацијата е дополнително искомлицирана со појавата на корона вирусот. Безбедноста на храната и достапноста до земјоделско – прехрамбените производи во сите земји во свeтот станаа приоритет.

“Растете, негувајте, одржувајте, заедно”. Ова е  мотото на годинашниот Светски ден на храната што се слави денес, 16 октомври.

Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) е основана во рамките на Обединетите нации во 1945 година, а во 1980 година Генералното собрание на организацијата го усвои одбележувањето на овој ден поради фактот што храната е предуслов за опстанок и благосостојба на луѓето и основна човечка потреба.

Целта е да се подигне јавната свест за проблемот со недостатокот на храна  во светот и да се зајакне солидарноста на земјите во борбата против гладот, неухранетоста и сиромаштијата.

Иако во развиените земји има многу храна и се троши премногу, постои глад во сиромашните земји.

Годишно се фрлаат 88 милиони тони храна

Историјата на фрлањето на  храната е тесно поврзана со глобализацијата. Во светот, синџирите на снабдување стануваат подолги, а понекогаш сезонските производи се достапни скоро насекаде во светот поради увозот во текот на целата година. На тоа често долго патување на производите од фарма до трпеза, се губи многу храна, а свежото овошје, зеленчукот, млечните производи и месото се особено ранливи.

Проценето е дека 1,3 милијарди тони храна се консумира на глобално ниво годишно, а дури 88 милиони се фрлаат.

Според податоците на ФАО, најмногу  храна се фрла во земјите и со  високи и со ниски приходи. Во земјите со ниски примања, загубите најчесто се јавуваат во фазите на производството, ракувањето и складирањето.

Најновиот извештај за храна од Европската комисија покажува дека состојбата е алармантна. Последните четири години бележат најголемо зголемување на гладот ​​во светот. Во 2019 година, околу 135 милиони луѓе во 55 земји во светот немаа доволно храна и побараа помош. Се проценува дека дури 75 милиони деца гладуваат, додека од друга страна, 17 милиони од нив се дури и премногу и го трошат.

Ковид -19 зададе дополнителен удар

Глобалната здравствена криза предизвикана од пандемијата на вирусот Ковид-19 е време кога треба да размислиме за работите за кои навистина се грижиме и за нашите најосновни потреби. Овие неизвесни времиња принудија многумина да почнат да ценат повторно нешто што некои го земаат „здраво за готово“.

Храната е суштината на животот и темелот на нашите култури и заедници. Одржувањето пристап до квалитетна и здрава исхрана ќе продолжи да биде важен дел од одговорот на пандемијата, особено за сиромашните и ранливи заедници кои се најмногу погодени од неа, што е  резултат и на економските шокови.

Државите, приватниот сектор и граѓанското општество мора да обезбедат производство на различни прехрамбени производи  со што заеднички ќе го хранат се побројното население во светот, со тоа ќе ја одржуваат планетата.

Секој жител на планетата  Земја сега е неопходен и има клучна улога во заштитата на прехрамбениот циклус.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Ковид19прехрамбен системфаохрана
Претходен напис СЕМКИ од тиква – грицкање без грижа на совест!
Следен напис Пет млади лица ги реализираа своите бизнис идеи преку грантови на ПСМ Фондацијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?