Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: КОВИД-от дополнително ги оптовари руралните жени, трудот и натаму не им е вреднуван
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > КОВИД-от дополнително ги оптовари руралните жени, трудот и натаму не им е вреднуван
Агровести

КОВИД-от дополнително ги оптовари руралните жени, трудот и натаму не им е вреднуван

Објавено 14/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Социјална исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, доминација на традиционалните норми, лишување од сопственост на земјоделско земјиште и имот, како и од право на платено родителскоотсуство, ограничени пристапи и понуда на образование, информации, здравствена заштита и други јавни и социјални услуги, се само дел од предизвиците со кои се соочуваат жените од руралните средини во земјава.

Како што вели за МИА претседателката на Националната федерација на фармери (НФФ), Васка Мојсовска, ваквите услови ги принудуваат руралните жени на живот во поголема сиромаштија и ја поттикнуваат миграцијата.

-Околу 64 отсто од руралните жени не се активни на пазарот на трудот поради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47 проценти од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фарми, нагласува Мојсовска во разговорот по повод претстојната јавна дискусија „Руралната жена и корона кризата“ што ќе се одржи утре, на 15 октомври.

Според претседателката на НФФ, во однос на наследувањето имот, доминантната традиција во руралните средини им дозволува само на мажите да се појават како наследници.

-Само пет проценти од жените ретко се појавуваат како носители на  имот и земјоделско земјиште, и тоа најчесто откако ќе станат вдовици. Најголем дел од нив не ги перципираат овие практики и традиции како дискриминирачки. Напротив, ги прифаќаат како нормални и ги почитуваат без приговор, напоменува Мојсовска.

Нејзина оценка е дека жените се меѓу најпогодените жители во селата од ударот на КОВИД-от врз земјоделството. Нивниот обем на работа сега е зголемен и дома и на поле, а трудот и натаму не е им вреднуван.

Дискусијата „Руралната жена и корона кризата“ ќе биде онлјан, преку алатката зум, во рамки на настанот со кој ќе се одбележи Меѓународниот ден на жената од руралната средина. Настанот предвидува и  промоција на кратки видеа за животот на жените од руралните средини, како и нивното економското јакнење, подготвени од страна на НФФ и Мрежата за рурален развој.

-Ова е веќе 13-та година како се организира настанот, но прв пат ќе биде преку „зум“ поради корона пандемијата. Целта е обединување и подигање на свеста на руралните жени за нивната важна улога во локалните заедници и општеството. Ќе учествуваат претставници од институции, амбасади, организации и рурални жени од сите делови на земјава, информира Мојсовска.

Таа и во оваа прилика потсетува колку е важна Декларацијата за подобрување на економската и социјална положба на жените во руралните средини потпишана од Националната федерација на фармери, Мрежата за рурален развој, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика на 15 октомври 2018 година.

-Токму ние како невладини организации и овие две институции се заложивме дека заеднички ќе работиме на  подобрување на економската и социјална положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, законите и стратегиите од областа на родовата еднаквост, недискриминација, земјоделство, рурален и социјален развој. По потпишувањето на Декларацијата почна и процесот на менување на дискриминаторните услови на мерката 115 за активен женски член во земјоделско стопанство од Програмата за финансиска поддршка за рурален развој, истакнува Васка Мојсовска.

15 Октомври е прогласен за Меѓународен ден на жената од руралната средина од страна на Обеднитетите нации во 2008 година.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Ковид 19НФФрурална женасоцијална исклученост
Претходен напис Паолучи: Растот на економијата ќе се враќа како што ќе слабее пандемијата
Следен напис Отворен производствениот капацитет на првата лиценцирана компанија за одгледување канабис за медицински цели, иневстицијата над 16 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?