Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ изнесува 59,5 денари за литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава по 61,5 денари за литар, додека еуродизел за 50,5 денари за литар.
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42 отсто.
Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 2,1 отсто и кај дизелот за околу 5,4 отсто, како и за 0,6 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
МИА
