Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Форуми за одржлив развој на Дојранското Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Форуми за одржлив развој на Дојранското Езеро
Агровести

Форуми за одржлив развој на Дојранското Езеро

Објавено 09/10/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондацијата за нови технологии при Институтот ГАУС во соработка со Македонското научно друштво од Битола и со поддршка од локалната самоуправа, во Дојран одржа форуми за долгорочен одржлив развој на Дојранското Езеро во рамки на проектот „План Дојран”.

– Еден од форумите имаше цел да ги активира граѓаните, деловните луѓе и институциите во градењето нови бизнис-модели со еколошки стандарди, како и развивање стратегии, политики, начини и модели за одржлив социоекономски развој. Другиот форум беше наменет за децата и младите со цел кај нив да ја развие еколошката култура, волонтерството и да стекнат активни ставови и однесувања кон екосистемот на Дојранското Езеро, посочија организаторите.

Претходно Институтот ГАУС изработи студија за стратегиско предвидување и планирање во која беа дадени насоки и сценарија кои може да се очекуваат во наредните 20 години во регионот на Дојранското Езеро. Тоа им даде перспектива на учесниците во форумите дека само со нивно активирање е можно одржување на екосистемот на езерото и развој на индустријата.

Проектот „План Дојран” е финансиран од ЕУ-фондовите и се имплементира во рамки на ИПА-програмата за прекугранична соработка со Република Грција.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ГАУСДојранско езероодржлив развојПлан ДојранФоруми
Претходен напис Европскиот суд ја потврди француската забрана на пестициди што им штетат на пчелите
Следен напис Охридското Езеро порибено со 1,7 милиони подмладок охридска пастрмка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?