Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште една успешна ИПАРД2 приказна – фирмите да се охрабрат и да инвестираат во опрема
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уште една успешна ИПАРД2 приказна – фирмите да се охрабрат и да инвестираат во опрема
Агровести

Уште една успешна ИПАРД2 приказна – фирмите да се охрабрат и да инвестираат во опрема

Објавено 01/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И земјоделците и компаниите да се охрабрат и да инвестираат во нова механизација, опрема и технологија. Многу е лесно да се дојде до финансиски средства ако се има успешна програма и добар бизнис план, порача сопственикот на фирмата  „Бако Нутс“, Омер Фејзулаи, кој за само 2,5 месеци потпишал договор со Платежната агенција за ИПАРД 2 и реализирал инвестиција вредна 9,144 милиони денари.

Фејзулаи преку ИПАРД 2 Програмата набавил линија за сушење и опрема за пакување јаткасти плодови, но користел и консултантски услуг за креирање на бизнис планот. Неговата компанија во индустриската зона Качанички пат денеска ја посетија првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и заменик-директорт на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Абдулселам Селами.

-Ова е импресивна успешна приказна која, се надевам, ќе ги поттикне и другите компании  да користат средства од европските фондови. „Бако Нутс“ за само 2,5 месеци го потпишала договорот со Платежната агенција и ги добила ИПАРД средствата. Денес има околу 1.200 производи кои ги пласира дома  и во регионот, истакна Груби.

Според Селами, „Бако Нутс“ е вистински пример како треба да се подготви апликација и како треба да се реализира инвестицијата во целост.

-Оваа компанија за многу кратко време го потпиша договорот, ги набави машините и го заокружи планираното вложување. Ова е примерот по кој треба да се раководат претпријатијата за искористување на ИПАРД средства, нагласи Селами и во оваа прилика потсети дека земјава е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД 2. Досега, за неполни три години, напомена, се повлечени преку 50 отсто од расположливите финансии.

Сопственикот на „Бако Нутс“ информира дека бизнисот му датира од 1943 година, а го почнал дедо му во Старата скопска чаршија. Од 2000 година се инвестира во нова опрема и машини, но се вработува и нов кадар.

-Со ИПАРД 2 инвестицијата ги зголемивме извозот, квалитетот и производството, многу ги подобривме транспортот и доставата, а дополнително вработивме уште десет лица, рече Фејзулаи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Абдулселам Селами.Артан ГрубиБако Нутсипард 2Успешна приказна
Претходен напис АХВ: Формирана Националната платформа на експерти
Следен напис Зaпочна забраната на лов на пастрмка во акумулацијата Стрежево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?