На 1. и 2. октомври во Нови Сад, ќе се одржи Меѓународна инвестициска конференција под наслов „SEE ENERGY – Connect & Supply II 2020“ – ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА во земјоделството , организирана од страна на Национлната Асоцијација за биомаса „SERBIO”, во соработка со AMBER , GIZ DKTI, и со логистичка поддршка на Инфо Тим Логистика од Нови Сад. Конференцијата ќе биде поддржана од ресорните министерства во Република Србија со цел поттикнување, развој и реализација на инвестициони проекти за производсто на чиста зелена енергија и вмрежување на расположливите домашни ресурси со други домашни и меѓународни компании кои имаат ваков инвестициски потенцијал, вклучени во секторот на обновливи извори на енергија.
По тој повод Инфо тим Логистика од Нови Сад, упатува покана за учество на оваа меѓународна конференција до сите земјоделци, агробизнисмени, прехрамбени и дрвни индустрии, топлани и сите останати кои се интересираат за теми како што се : БИОЕНЕРГИЈАТА, СОЛАРНАТА ЕНЕРГИЈА И ТОПЛИНСКАТА ЕНЕРГИЈА.
Доколку сакате лично да присуствувате на конференцијата , треба задолжително да го пополните формуларот за регистрација на следниот ЛИНК: https://serbio.rs/…/SEEEnergyII2020…
Доколку сакате конференцијата да ја следите и на неа да учествувате ОНЛАЈН , пополнете го формуларот за регистрација на следниот ЛИНК: https://serbio.rs/…/SEEEnergyII2020…
Место: Хотел „SHERATON” Нови Сад
Време: 01. и 02. Октомври 2020.
За подетални информации посете ја нивната веб страна https://www.infotim.rs/…/poziv_na_konferenciju_see…
Во прдолжение можете да го погледнете распоредот на настаните:




