Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Источно-планскиот регион ќе учат дигитални вештини за полесно да работат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од Источно-планскиот регион ќе учат дигитални вештини за полесно да работат
Агровести

Земјоделците од Источно-планскиот регион ќе учат дигитални вештини за полесно да работат

Објавено 21/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од Источно-планскиот регион ќе ги подобруваат своите дигитални вештини за да се прилагодат на новонастанатите пазарни и економски услови на работење што ги наметна КОВИД-пандемијата.

Преку работилници во 11 општини, тие ќе имаат можност да научат како полесно електронски да аплицираат за субвенции, навреме да го планираат производството и да обезбедат пласман.

-Невладината организација „Јавор” од Зрновци во партнерство со граѓанските организации од Источно-планскиот регион во рамки на проектот „Зголемување на дигиталните вештини за земјоделските производители со цел прилагодување на новонастанатите пазарни и еконосмки услови на работење”, организира работилници во 11 општини со цел земјоделците да се запознаат со дигиталните алатки заради навремено аплицирање за субвенции, навремено планирање на своето производство и пласман и истовременонегово развивање, рече асистентот на проектот, Зоран Биковски на денешната прва работилница во Делчево.

Земјоделците, додаде Биковски, се една од најпогодените категории граѓани од пандемијата, а познавањето на дигиталните алатки значително ќе им помогне поефикасно да се справат со предизвикот.

-Со обуките ќе бидат опфатени над 120 земјоделци од Источно-планскиот регион. Би им порачал да не гледаат со страв на ИТ вештините како на нешто што не може да се достигне. Преку конкретни обуки ќе стекнат знаење и вештини, како да си го организираат производството, меѓутоа од друга страна и да посветат повеќе време на семејството, на менталното здравје и што е најважно, да ги почитуваат протоколите, за да го пребродат ова многу тешко време, истакна Биковски.

Во рамки на проект е предвидено и економско јакнење на земјоделците. Најмногу поддршка ќе добијат медарите и млекопроизводителите за кои ќе се работи на зајакнување на активностите за откуп на нивните производи. Проектот е финансиран од Владата на Република Северна Македонија.

МИА

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:дегитални вештиниИсточно планински регионобуки за земјоделциработилници
Претходен напис Медот од Македонија е прогласен како најквалитетен на Меѓународниот натпревар за квалитет на медот во Тузла, меѓу учесници на три континенти
Следен напис Подрачни единици на Агенцијата за храна и ветеринарство – контакти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?