Од 2027 година, во Чешка ќе биде забрането одгледување на кокошки несилки во кафези. Ова го изгласа долниот дом на парламентот на Чешка на состанокот во средата (16-ти септември).
Кафези со големина на хартија А4 формат
Во оваа земја годишно во кафези се одгледуваат околу 4,5 милиони кокошки. Иако земјоделците тврдат дека просторот во кафезите е проширен, тоа сепак не е доволно за нивното природно однесување, како што е ширењето на крилјата, бидејќи кафезите главно се со големина на хартија од А4 формат, пишува The Animal Reader.
Според Заводот за статистика на Чешка, во 2019 година се одгледани вкупно 23 милиони живина, од кои 5 милиони кокошки несилки. Вкупното производство на јајца за потрошувачка изнесува 1,6 милиони, што е зголемување за околу 6% во споредба со 2018 година (1,5 милиони).
Просечното производство на јајца по кокошка несилка е 305,9, што е нешто помалку од претходната година кога беше 309,7.
Јајцата и кокошките се поздрави ако се движат слободно
Европската агенција за безбедност на храната ги анализирала податоците добиени од околу 3.000 фарми ширум ЕУ, а резултатите покажале дека присуството на салмонела било дури пет пати поголемо кај кокошките несилки одгледувани во кафези отколку кај несилките одгледувани во слободен простор.
Бројни студии исто така откриле дека и јајцата од слободните несилки се поздрави. Тие содржат помалку заситени масти и холестерол и поголем процент на протеини. Исто така, докажано е дека содржат повеќе витамини А и Е, како и омега 3 масни киселини, пишува The Soultry Site.
Другите членки на ЕУ би требало да и се приклучат на Чешка
Освен Чешка и Луксембург, Австрија и Германија веќе забранија такво одгледување, а наскоро се очекува истото да го сторат и другите земји од Европската унија.
Секоја година, над 300 милиони свињи, кокошки, зајаци, потполошки и телиња се затворени во кафези низ цела ЕУ. Затоа беше покрената иницијатива на европските граѓани наречена „Крај на времето на кафезот“, која неодамна собра повеќе од милион потписи.
Извор: Агроклуб
