Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одговорно однесување со коњите и спречување на нивната злоупотреба – почнува кампањата на АХВ за подигање на јавната свест
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одговорно однесување со коњите и спречување на нивната злоупотреба – почнува кампањата на АХВ за подигање на јавната свест
Агровести

Одговорно однесување со коњите и спречување на нивната злоупотреба – почнува кампањата на АХВ за подигање на јавната свест

Објавено 21/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од денеска ја почнува кампањата чија цел е подигнување на свеста на сопствениците и одгледувачите на коњи кои се користат за влеча, превоз и работа, како и подигнување на свеста за опасноста од учеството на оваа категорија животни во сообраќајот, особено во урбаните средини.

Според АХВ, при одгледувањето коњи, како и секој друг вид животно, клучно е унапредувањето на неговата здравствена заштита и благосостојба, но и законската одговорност на секој сопственик.

-Од денеска почнуваме со реализација на кампања за подигнување на јавната свест за благосостојбата на работните коњи со цел унапредување на здравствената заштита на оваа категорија животни, која претставува и сериозен сообраќаен и безбедносен проблем на патиштата, особено во урбаните средини. Во рамки на оваа кампања изработен е едукативен спот, постер на Македонски, Албански и Ромски јазик и билборди кои ќе бидат поставени во Скопје, Тетово, Битола, Штип и Прилеп, информира Агенцијата.

Почетокот на кампањата ќе се одбележи со одржување состанок со претставници од Министерството за внатрешни работи, Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, Градот Скопје, Општина Шуто Оризари и на Коњичката федерација на Македонија.

Кампањата е една од компонентите на кампањите за подигнување на јавната свест за благосостојбата на животните во рамки на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи” што АХВ го реализира со финансиска поддршка од Европската унија во рамки на ИПА 2015. Проектот е составен од неколку компоненти и е вреден 1,6 милиони евра.

Извор: Либертас

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:ахвјавна свесткампања за заштита на коњитекоњи
Претходен напис Повеќе од 560 големи светски компании бараат итни мерки за заштита на природата
Следен напис Чешка забранува одгледување на кокошки несилки во кафези, нивниот пример ќе го следат и други земји од ЕУ?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?