Морковите се произведуваат како втора култура во плодоредот, а на истото место се ставаат по 3-4 години. Тоа е добра пред-култура, и после нив можат да се засадат повеќе други зеленчуци и тоа на истата парцела каде што се одгледуваат морковите. Додека пак за морковите, добри пред-култури се растенија кои се обилно прихранувани со арско ѓубриво (грашок, пиперки, компири, домати, зелка). Морковот треба да се одгледува на хумус и на растресита почва, бидејќи таквите почви овозможуваат правилен развој на коренот и не предизвикуваат деформитети – вилушка, виткање и пукање.
Директната сеидба на семе за доцно производство на моркови се врши во мај-јуни, а пред-зимската сеидба кон крајот на октомври и почетокот на ноември. `Ртење на семето може да се направи пред сеидбата, бидејќи тоа го скратува времето на никнување. Сеењето се врши на рамна површина или во леи кои се подобар избор бидејќи подигнатите брегови овозможуваат добра вентилација и дренажа на вишокот вода.
Неопходни мерки
Задолжителна мерка за нега на морковите во овој метод на производство е мулчирањето, бидејќи ако коренот е надвор од земјата, се појавува т. н. „зелена глава”, што ќе му ја намали пазарната вредност. Растојанието помеѓу морковите треба да биде 3-10 см, што зависи од сортата, а растојанието на редовите треба да биде 25-50 см за сеење во редови на рамна површина.
Моркови може да се одгледуваат и во заштитен простор во ниски и полу-ниски пластеници. Овој метод на производство се применува кога сакаме да добиеме млади моркови пред пролетта. Ниските пластеници се најдобриот избор бидејќи во нив температурата е поголема во споредба со полуниските и морковите напредуваат побрзо.
Во нискте пластеници, подобро се складира влага, што е особено важно во периодот на `ртење и во фазата кога корените почнуваат да се шират. Ако производителот сепак се одлучи за полуниски пластеници, пожелно е да се покријат растенијата со агротекстил. Растојанието за сеење е 5-8 x 20cm или во леi на растојание од 50-60cm.
Извор: organicnet.co
