Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Состојбата во лозарството е тешка, ќе бараме фер решение од полза за сите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Состојбата во лозарството е тешка, ќе бараме фер решение од полза за сите
Агровести

Заев: Состојбата во лозарството е тешка, ќе бараме фер решение од полза за сите

Објавено 08/09/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Состојбата во лозарството е тешка, но ќе бараме фер решение, низ дијалог, кое ќе им одговара на сите, и на производителите и на винарските визби и на државата.

Притоа, треба да бидеме разумни и рационални, да ја земеме предвид КОВИД пандемијата која претставува удар за сите сегменти во стопанството, рече премиерот Зоран Заев пред денешната средба со лозарите во Кавадарци.

Заев истакна дека за помош на лозарството годинава се проектирани дополнителни 5,5 милиони евра, а се размислува и за директна поддршка на извозот на наливно и флаширано вино – во просек по 400 евра од возило.

Целта е, објасни, да се овозможи пласман на залихите во визбите и зголемување на нивниот капацитетот за откуп на родот. Како што нагласи премиерот, засега во винариите, поради неработењето на угостителски објекти дома и во странство, има околу 55 милиони литри вино залиха, а лани ова време резервите беа 30 – 35 милиони литри.

Освен залихите вино, дополнителен проблем, посочи Заев, е и болеста на грозјето која зафати 20 – 30 проценти од насадите.

-Денеска сме овде да најдеме решение кое ќе биде фер и за лозарите и за визбите и за државата. Очекувам плодна, квалитетна дебата и изнаоѓање начин за надминување на состојбата. Верувам дека ќе утврдиме начин за решевање на проблемите зашто за неколку дена и официјално треба да стартува откупот, а некаде во помали количини веќе почна. Чесно се поставивме уште со ребалансот во мај, пред изборите. Предвидовме буџетски средства, знаејќи дека ќе дојдеме до вака тешка состојба, нагласи Заев.

Потсети и на средбата со винариите на која се утврдија одредени цени за гројзето, но, сепак, повтори, мора да се најде фер и правично решение од кое ќе бидат задоволни сите. -Тоа што го договоривме на работниот состанок со визбите на кој беше и веќе актуелниот министер за земјоделство, Хоџа, е да ја постигне ланската цена при што државата ќе направи дополнителна интервенција зашто откупните цени ќе бидат пониски. Проблемот е главно кај „вранецот“ и „смедеревката“.

Во кавадаречкиот регион има 40 милиони литри, а во цела земја 80 милиони што е 45 спрема 55 отсто во полза на „смедервката“ и тука треба да ја направиме вистинската интервенција. Договоривме за „вранецот“ 11 денари, а за „смедеревката“ девет.

Државата ќе интервенира со два плус два денара за да ги постигнеме конечните цени од 15 денари за вранец и 13 денари за смедервка. Обезбедивме и два денара за високосортните грозја со кои се покриваат десет милиони килограми што дополнително е издаток од 20 милиони денари. Вкупно, државата ќе издвои 340 милиони денари или 5,5 милиони евра, нагласи премиерот.

Во врска со поддршката на извозот на вино, рече дека предлогот се уште се разгледува, а предвидува супституција на транспортните трошоци, 20 отсто за извоз на наливно и 30 отсто за извоз на флаширано вино.

-Тоа би биле над 1,5 милиони евра дополнители субвенции за да се пласираат залихите и визбите да имаат поголем откупен капацитет, дециден е Заев.

На средбата со лозарите присуствуваат и вицепремиерот  за економски прашања Фатмир Битиќи, како и министерот за земјоделство Аријант Хоџа.  

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:заевкавадарцисредба
Претходен напис Заев, Битиќи и Хоџа на средба со претставници на лозарите во Кавадарци
Следен напис Следните денови – Вистинско септемвриско лето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?