Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поставена првата агрометеоролошка станица во општина Македонска Каменица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поставена првата агрометеоролошка станица во општина Македонска Каменица
Агровести

Поставена првата агрометеоролошка станица во општина Македонска Каменица

Објавено 05/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во кругот на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј” во село Цера, инсталирана првата агрометеоролошка станица во М.Каменица. Со реализација на активноста, како што информираа од општината, земјоделците од овој регион ќе добиваат навремени податоци за актуелната временска состојба и климатските промени.

-Се работи за проект на Центарот за развој на Источниот плански регион со кој е предвидено исти станици да бидат поставени во сите 11 општини од регионот, а за што се обезбедени 2,16 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка и од Министерството за локална самоуправа, информираа од Општината.

Според планираното како што додадоа од Источно-планскиот регион, во понатамошната фаза ќе се изработи веб платформа преку која земјоделците ќе добиваат информации за можната појава на болести кај растенијата под влијание на временските услови.

-Уредите ќе мерат температура и влажност на воздухот, брзина и правец на ветерот, количината на врнежи, соларната радијација, влажноста на листовите на растенијата, како и температурата и влажноста на почвата. Ова значи дека со овие агрометеоролошки земјоделците ќе се стекнат со информации за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и планирање на сите агротехнички мерки што треба да се преземат во одреден период од годината, додадоа од ИПР.

Според планираното до крајот на август во сите општини од источниот регион, ќе биде поставена по една агро-метеоролошка станица. Податоците од агрометеоролошката станица, преку бесплатна апликација на мобилен телефон или компјутер, ќе им бидат достапни на сите граѓани, а новитет е тоа што ќе се изготвуваат модели на биометеоролошките услови, кои врз основа на измерените параметри ќе даваат прогноза за појава и интензитет на полен, мигрена и ревма.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агрометеоролошка станицаклиматски промениМакедонска каменицасело Цера
Претходен напис Продолжува стабилното, суво и сончево време – детали
Следен напис ОН: Зголемена несигурноста во обезбедување храна во четири држави во светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?