Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО: Нови функции на мобилната апликација на ФАО и MammalNet за откривање на африканска свинска чума кај дивите свињи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФАО: Нови функции на мобилната апликација на ФАО и MammalNet за откривање на африканска свинска чума кај дивите свињи
Агровести

ФАО: Нови функции на мобилната апликација на ФАО и MammalNet за откривање на африканска свинска чума кај дивите свињи

Објавено 31/08/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на напорите за рано откривање и реагирање на болестa африканска свинска чума, Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, заедно со проектниот тим MammalNet, додадоа нови функции во бесплатната мобилна апликација iMammalia, со цел навремено известување за пронајдени трупови на диви свињи низ Балканот и пошироко. Апликацијата, која веќе се користи во Европа, првично беше дизајнирана за лесно снимање и евидентирање на присуството на цицачи. 

По измената на апликацијата iMammalia, секој корисник сега може, во рок од неколку секунди, да пријави откриен труп на диви свињи, со што ќе помогне во борбата против африканската свинска чума, соопшти ФАО. Преку оваа апликација, корисниците можат да ги пријават гео – координатите, нивото на распаѓање и полот, па дури и да испратат фотографија од трупот.

Покрај новата функција, ФАО ја преведе апликацијата на македонски и српски јазик и ќе работи на олеснување на употребата на апликацијата од различни целни корисници на Балканот.

Африканската свинска чума може да се прошири низ неколку рути, вклучително и преку природното движење на дивите свињи. Вирусот е подеднакво смртоносен и за домашните и за дивите свињи. Затоа, тестирањето на угинати диви свињи за присуство на вирусот африканска свинска чума е најсигурен начин за рано откривање (и реагирање на) болеста кај овие популации, потенцира ФАО. Според нив, животното многу веројатно е дека ќе умре за неколку дена откако ќе се зарази и ако се пријави навреме, трупот на дивата свиња може да биде уништен или правилно да се отстрани за да се намали понатамошната контаминација.
Иако ловџиите се главна целна група во откривање на диви свињи, планинарите и рекреативците, ренџерите и во основа секој кој ја посетува шумата може многу да придонесе за откривање на трупови на диви свињи.

Колку повеќе луѓе пријавуваат угинати диви свињи, толку полесно надлежните ќе ја контролираат болеста. 
Во Европа, африканската свинска чума постепено се шири почнувајќи од Грузија во 2007 година, потоа низ Централна Европа од каде се прошири во повеќето држави. Денес, болеста е присутна и на Балканот, при што Бугарија, Грција, Романија и Србија пријавуваат епидемии и се заканува нејзино проширување низ целиот Балкански регион. Смртоносната болест носи огромни економски трошоци и значителни нарушувања на трговијата, сериозно влијае на руралната егзистенција, доколку не се открие навреме.
Апликацијата е достапна и на Android (https://play.google.com/store/apps/details?id=uk.ac.ceh.imammalia&hl=en) и на iOS ( https://apps.apple.com/us/app/imammalia/id1480199644)

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:Диви свињиМобилна апликацијасвинска чумафао
Претходен напис Педесет земјоделци се обучуваат за примена на современи агроеколошки мерки
Следен напис Хоџа: МЗШВ ќе биде партнер на земјоделците и на откупувачите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?