Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прирачникот за операторите со храна во градинките нова алатка за безбедна храна за децата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прирачникот за операторите со храна во градинките нова алатка за безбедна храна за децата
Агровести

Прирачникот за операторите со храна во градинките нова алатка за безбедна храна за децата

Објавено 31/08/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна ветеринарство во соработка со Организацијата на  потрошувачи, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачи за 2020 година изработи Прирачник за оператори со храна во предучилишни установи. Во прирачникот, детално се разработени принципите и нормите на добра хигиенска и производна практика кои им помагаат на операторите со храна соодветно да ги подготват објектите, персоналот и процесот на работа за подготовка на квалитетна и здравствено безбедна храна за децата од предучилишните установи.

Прирачникот претставува извор на информации и упатства кои се однесуваат на хигиената на објектот и персоналот, контролата на операциите, обуките, чистењето и одржувањето на просториите за храна, нејзиниот трансорт, како и за управувањето со записите. Прирачникот содржи и сликовити примери кои се однесуваат на безбедноста на храната.

Унапредувањето и подобрувањето на начинот на исхрана во предучилишните установи и развојот на здрави навики за исхрана кај децата се многу значајни прашања, оттаму, во вториот дел од прирачникот содржани се насоките за исхрана на децата за време на престојот во градинките. Прирачникот содржи и практични совети за планирање на организираната исхрана и планирањето на оброците за децата.

Насоките за правилна исхрана ја истакнуваат и важноста на холистичкиот приод при подготвувањето на организираната исхрана. Таа покрај тоа што има за цел да ги исполни егзистенцијалните енергетски и нутритивни потреби, поседува и воспитно – образовна цел, од аспект на креирање на хигиенски, правилни нутритивни и социјални навики за добро однесување. Организираната исхрана во градинките овозможува подобрување на социјализацијата на децата, ги унапредува меѓучовечките односи и го намалува развојот на нарушувања кои се поврзани со исхраната.

Прирачникот за оператори со храна во предучилишните установи содржи и голем број табели, во кои се објаснети дневните енергетски потреби на децата, препорачаниот дневен внес на хранливи материи, витамини и минерали според возрасни групи на децата, како и препорачаната застапеност на одредени категории храна во планирањето на дневното и неделното мени за децата во градинките.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:безбедна хранаградинкинова алатакаОператори со хранаПрирачник
Претходен напис Заев: Откупот на грозјето ќе биде 9 денари за смедеревка со 11 денари за вранецот, а државата ќе субвенционира плус 4 денари за да ги добиеме ланските цени
Следен напис Земјоделците од Чешиново-Облешево подготвени за селектирање на пластичниот отпад во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?