Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Диња – 7 добри причини за употреба!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Диња – 7 добри причини за употреба!
МагазинСовети

Диња – 7 добри причини за употреба!

Објавено 26/08/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еден од најчестите начини за освежување во летниот период е зголемената употреба на свежите плодови со висока содржина на вода. Лубеницата и дињата се токму таква храна. Некому е омилена лубеницата, некому дињата, но ретко кој може да им одолее и на двете.

Од ботанички аспект, дињите се едногодишен зеленчукови растенија, од истата група со лубеницата, краставицата, тиквата, тиквичките итн. Потекнуваат од Азискиот контитент, денес се култивираат ширум светот, а доста често се одгледуваат и кај нас, па штета е периодов да го пропуштиме нејзиниот уникатен вкус, но и бенефитите кои има да нѝ ги понуди.

Се консумира како свежа, во различни салати, комбинации за ужина, супи, компоти итн.

Богат извор на хранливи материи

Дињата преставува густо-нутритивна храна, односно храна богата со вода- малку калории, а од друга страна извор на низа хранливи материи.

Дињата е богата со витамини, минерали, растителни влакна, антиоксиданти и други фитохемикалии, вклучително солидни количества на витамин Ц (во 180g – 53% од дневните потреби), витамин Б6 и Б9, витамин К, калиум, магнезиум и селен.

Антиоксидативно дејство

Дињите се исто така одличен антиоксидативен извор. Помеѓу најважните анитоксидативни соединенија на дињата се:

 лутеин
◦ зеаксантин
◦ холин
◦ бета каротен
◦ 
споменатите витамин Ц и селен

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојат се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак генерално зависи од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Дињите се здрава храна, многу корисна за очите

Наведените моќни антиоксиданти, односно растителните пигменти зеаксантин и лутеин, но и провитаминот А (бета каротенот) се клучните компоненти кои ја прават дињата особено корисна за здравјето на очите.

Овие три компоненти ги спречуваат оштетувањата на очите кои произлегуваат од UV зрачењето, но и оштетувањата кои настануваат со текот на страеењето. Најчестото очно заболување кое е поврзано со процесот на стареење е макуларната деградација(нарушување кое може да води и кон целосно слепило) и може да се превенира со консумирање на храна како што е дињата.

Храна погодна за луѓе со висок крвен притисок

Генерално гледано свежата храна, односно сите овошки и зеленчуци, се поврзува со намалениот ризик од висок крвен притисок.

Но, дињата може да има дополнително позитивно дејство, бидејќи содржи солидни количества од минералот калиум, растителни влакна, но и одредени количества на магнезиум. Сите овие микронутриенти се многу важни за здравјето на срцето.

Истражувањата покажуваат дека консумирањето на храна богата со калиум, а без значителни количини на натриум, како што се дињите и бананите, на пример, може да води кон намалување на крвниот притисок.

Едно парче диња обезбедува нешто над 10% од дневните потреби за калиум.

Дињите се добри и за здрава кожа

Според истражувањата, јадењето дињи може да биде добро за кожата, а тоа се должи, пред сé, на високата содржина на витамин Ц во нив.

Овој витамин е клучен во метаболизмот на колагенот – најзастапениот протеин во организмот. Колагенот има структурна фунцкија, витална за одржувањето на здраво кожно ткиво. Дополнително, витаминот Ц е моќен антиоксидант што помага за заштита од оштетувањата на кожата предизвикани од слободните радикали.

Храна погодна за слабеење и добра дигестија

Студиите велат дека луѓето кои практикуваат исхрана богата со свежи продукти, имаат помала веројатност од гојазност.

Тоа се должи на тоа што поголемиот дел од свежата храна е и густо-нутритивна, односно храна со големи концентрации на растителни влакна, вода, антиоксиданти и микронутриенти, а сиромашна со калории.

Растителните влакна студиите ги поврзуваат со побрзото и поуспешно слабеење.

Ова е случај заради тоа што го намалуваа гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се промовира ситост. Дополнително, тие се храна за корисната цревна микрофлора, од чиј баланс зависи и целокупното здравје.

Растителните влакна помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје- констипацијата или запекот. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

Во студиите, дињите се покажале и како корисни за:

• здравјето на коските
• имунитетот
• подобро хидрирање

Прилогот го подготви Д-р Александар Митов

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Таг:7добри причинидињапридобивки од дињатахрана за освежување
Претходен напис Одличен квалитет на пијанечката модра слива, се очекува добра цена и пласман
Следен напис Инфосредби со земјоделците од Кочанско против палењето на сламата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?