Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Добиточен пазар во Битола: Фармерите се жалат нема купувачи, цените се пониски од лани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Добиточен пазар во Битола: Фармерите се жалат нема купувачи, цените се пониски од лани
АгровестиСточарско производство

Добиточен пазар во Битола: Фармерите се жалат нема купувачи, цените се пониски од лани

Објавено 18/08/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

После подолго време, минатиот вторник на 11.08.2020 повторно беше отворен добиточниот пазар во Битола.

Денес уште од рано наутро, забележавме дека има голем број на фармери кои продаваа ситен и крупен добиток. Најголема понуда имаше на телиња, јунци и крави, а помалку овци и живина.

Фармерите, продавачи се пожалија со слабата продажба. Велат рестрикциите поради корона вирусот си го направиле своето. Нема свадби, крштевки, сунети … ги нема иселениците од дијаспората кои до сега редовно доаѓаа секоја година, а сето тоа резултира со намалена побарувачка. Купувачи има многу малку – велат тие.

Намалената побарувачка секако ја намали и продажната цена на добитокот.

Така на пример цената на едно теле се движи од 10.000 – 12.000 денари

Покрупните грла имаат цена околу 100 денари за килограм жива мера. Само за споредба, минатата година нивната цена се движела од 120 – 150 денари за килограм жива мера.

Живината исто така се продава на парче и тоа петлите 350 денари , а пајките по 500 денари.

На добиточниот пазар во Битола имаше понуда и од добиточна храна.. Продавачите велат дека она што им е вишок , односно она што нема да го искористат за хранење на својата стока го продаваат. Цената на килограм пченка денес се продаваше за 12 денари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:битолаговеданамлена побарувачкаСточен пазартелиња
Претходен напис Денес и утре продолжува нестабилното време – стабилизација на времето кај нас од четврток
Следен напис Услови и потребна документација за користење на средства од ИПАРД , мерка 7 – „Алтернативно земјоделско производство“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?