Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вина од македонски производители ќе може да се купат во новиот Вински музеј во Кавадарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вина од македонски производители ќе може да се купат во новиот Вински музеј во Кавадарци
Агровести

Вина од македонски производители ќе може да се купат во новиот Вински музеј во Кавадарци

Објавено 17/08/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Вина од македонски производители ќе може да се погледнат и да се купат во новиот кавадаречки Вински музеј што ќе биде отворен на 7 септември, Денот на ослободувањето на Кавадарци.

Вината ќе бидат изложени во посебни витрини и ќе бидат дел од музејската поставка. Станува збор за вина произведени во средни и големи винарници, но и во мали семејни винарии.

-Во иднина ќе има можност и за дегустација на македонски вина во рамки на активностите на Музејот и на манифестациите кои претстојат. Музејската поставка претставува отсликување на развојот на лозарството и винарството во најголемиот лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот, од антика до денес, изјави за МИА в.д. директорот на Локален вински музеј за регионот „Тиквеш“ Кавадарци, Весела Честоева.

Честоева најави и други активности со кои, вклучувајќи го и новиот Музеј, ќе се привлечат што поголем број туристи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Вино од МакедонијаВински музејкавадарциМакедонски производеители на вино
Претходен напис Нова технологија за заштита на растенијата: заштитните средства ги разнесуваат пчели
Следен напис Најнови метео информации: На повидок целосна стабилизација на атмосферата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?