Европските производители на овошје се подготвуваат за бербата на јаболката, крушите и гројзето, но многумина од нив се плашат поради новиот бран на пандемија од Ковид-19, што моментно ја погоди Шпанија. Во таа земја се воведени локални карантини и постои ризик дека привремено ќе им биде оневозможено вработување на сезонските работници кои доаѓаа од други земји и на кои долго се потпираат.

– „Загрижени сме“, вели Даниел Соваитре, претседател на француското Национално здружение на производители на свежо овошје и зеленчук (Interfel). „Имавме работна сила за проретчување во овоштарниците и родот изгледа доста добро. Но сега можно е да имаме повторно затворање на границите од некои земји“, изјавил тој.
Загрижува зголемениот број на заразени работници на плантажите во јужна Франција, а исто така и фактот дека работниците живеат во мали и пренатрупани простории. Тој проблем го потврди и заразата што се случи во јули на една фарма за зеленчук во Англија, каде со корона вирус се заразија 70 работници.
– „Вообичаено е 1% од работниците да бидат од Велика Британија, но оваа година за некои производители тој број се зголеми на 20 до 30%, вели Али Капер, производител на јаболка и круши од средна Англија, кој претседава со Одборот за хортикултура на Националната унија на фармери (NFU).
Во Португалија производителите на овошје се свртија кон работниците од Јужна Азија, кои веќе биле во земјата и ја изгубиле работата во туризмот. Но, во август многу од нив најверојатно повторно ќе работат во туризмот па останува прашањето кој ќе ги бере јаболката.

Француската покраина Шампањ, за бербата на грозјето секоја година ангажира од 100.000 до 120.000 сезонски работници, од кои 27% доаѓаат од странство. Во случај повторно да се затворат границите, производителите контактираат универзитети и берзи, за да осигураат доволен број на работници, открива Кристоф Пернет, претседател на Главниот синдикат на винари Шампањ(SGV).
Според истражувањата на Универзитетот во Антверп што беа спроведени на 11.000 луѓе во 11 земји, Европјаните за време на карнатинот почнале да јадат поздраво и да консумираат повеќе овошје и зеленчук од порано. Но, сезонските работници кои ги одработиле пролетните берби во голем број се вратиле во своите земји, а локалните работници не се толку продуктивни, што претставува дополнителен трошок за производителите.
Извор: agrobiz.hr
