Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Спречен увоз на 63 тони пилешко месо од Полска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Спречен увоз на 63 тони пилешко месо од Полска
Агровести

Спречен увоз на 63 тони пилешко месо од Полска

Објавено 29/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Спречен е увоз на 63 тони пилешко месо од Полска за да не се внесе вирусот на високо патогена инфлуенца во земјава.

Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА, се работи за три пратки механички обескостено пилешко месо (МОМ) кои требале да се „протнат“ преку граничниот премин Табановце. Увозот е спречен, а пратките се нештетно уништени на депонијата Дрисла.

– Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство беа дел од големата акција ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ и Еуропол, во која Република Северна Македонија учествуваше заедно со уште 82 држави. Акцијата се реализира од декември 2019 до јуни 2020 година, а акцент беше ставен на трговијата со фалсификувана и неквалитетна храна и пијалаци.

Во рамки на законски дефинираните надлежности, официјалните ветеринари на граничен премин, во насока на заштита од внесување на вирусот на високо патогена инфлуенца во Република Северна Македонија, спречија увоз на три пратки со по 21 тон механички обескостено пилешко месо кои потекнуваат од региони во Полска кои поради оваа болест се забранети за увоз, велат од АХВ.

Во март годинава инспекциските служби на Агенција, во рамки на акцијата ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ И Еуропол, утврдија недоследност и кај еден оператор со храна кој увезол над 20 тони преработки од месо по потекло од Холандија. Кај него со лабораториските испитувања е утврдено дека постојат неусогласености кај декларираниот производ. Од вкупно увезената количина месни преработки, околу 17 тони се вратени на извозникот од Холандија, а повеќе од 1,7 тони преработки од месо увезени во март годинава, се нештетно уништени.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ПилешкоХоландија
Претходен напис Од МЗШВ апелираат земјоделците да не чекаат продолжување на рокот, да се пријават за субвенции најкасно до петок
Следен напис АХВ: Граѓаните за Бајрам да не купуваат месо од диви пазари, туку од одобрени месарници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?