Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Љупчо Ангеловски: Натпреварувањето на пазарот на ЕУ и во глобалната економија едноставно не е можно со ситни парцели
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Љупчо Ангеловски: Натпреварувањето на пазарот на ЕУ и во глобалната економија едноставно не е можно со ситни парцели
АгровестиРурален РазвојСовети

Љупчо Ангеловски: Натпреварувањето на пазарот на ЕУ и во глобалната економија едноставно не е можно со ситни парцели

Објавено 28/07/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Консолидацијата на земјиште го поттикнува развојот на малите земјоделски стопанства и нивниот придонес во сигурноста на храната

Љупчо Ангеловски е млад семеен земјоделец во селото Егри, Општина Битола. Доаѓа од семејство со долга традиција во земјоделско производство. Oткако ја преземал водечката улога во семејното земјоделско стопанство, тој ја сфатил важноста на модернизирањето на производството и воведување на поодржливи и попродуктивни земјоделски практики кои ќе креираат подобри можности за создавање приходи за неговото семејство. Сепак, како и за поголемиот дел на мали земјоделски стопанства и семејни фарми во Северна Македонија, развојот и продуктивноста на неговото стопанство е под потенцијалот заради прекумерната расцепканост на земјоделското земјиште.

Љупчо е силен застапник за консолидација на земјиште и еден од 214 сопственици на земјиште кои учествуваат во проектот МАИНЛАНД во Егри. Тој е многу среќен што неговото село Егри е првиот проект за консолидација на земјоделско земјиште во државата по принципот на распределба со промена на границите, откако Планот за распределба на земјиштето во Егри беше усвоен со мнозинство гласови на сопствениците на земјиштето во јануари 2020 година.

Планот за распределба на земјиштето во Егри кој зафаќа 336 ха земјоделско земјиште, резултираше со скоро четирикратно намалување на бројот на земјишни парцели (од 874 на 260), со просечна големина на парцела од 1,30 ха, во споредба со 0,38 ха пред консолидацијата. Парцелите сега имаат правилна форма и овозможуваат подобри земјоделски практики. Планот, исто така, вклучува и обнова на заедницата како што се инвестиции во пристапни патишта до нивите и во системи за одводнување и наводнување, финансирани од Европската унија. 

Љупчо и неговата сопруга Кети, која има еднаков удел во семејното земјоделско стопанство и бизнис, очекуваат да видат придобивки од консолидацијата на земјиштето во годините што следат. Целото нивно земјиште од 15 мали парцели, расцепкани на различни локации, сега е окрупнето во три, правилно обликувани, парцели со просечна големина од 2 ха (споредено со само 0,4 ха пред консолидацијата) и со подобар пристап до земјоделската инфраструктура. Тоа отвора можности за модернизацијата на нивното производство, намалени трошоци и поголема продуктивност, поголеми приноси, воведување нови култури и технологии и на крај поголема конкурентност и можност за натпревар на пазарот на ЕУ.

Реализацијата на плановите за развој на земјоделското стопанство сега е полесна со големи парцели со правилна форма и подобар пристап до земјоделската инфраструктура. Љупчо и Кети сега размислуваат да инвестираат во современи земјоделски машини и технологии за да ја зголемат продуктивноста и профитабилноста на своето производство, исто така, водејќи грижа за животната средина. „Откако ги превземав одговорностите околу семејната фарма од татко ми, ја сфатив потребата за модернизација на нашето производство – трактор и приклучни машини на прво место, да ја олесниме нашата работа на терен, да ги намалиме трошоците и да бидеме попродуктивни. Примената на таква модерна опрема на ситни и расцепкани парцели беше едноставно невозможна и без економија од обем“- вели Љупчо. За да инвестира во нова механизација (сеалки, машина за садење пиперки и меѓуредна фреза-раскопувач) Љупчо се подготвува да аплицира на тековниот повик во рамки на Програмата ИПАРД II за 2014-2020 на Европската унија.

Подобрениот пристап до мрежата за наводнување во консолидационата област во Егри отвора можност Љупчо и неговата сопруга да го прошират својот систем за наводнување капка-по-капка, кој во моментов опфаќа помалку од 2 ха од нивните ниви со пиперки. Проширувањето на системот капка-по-капка ќе им помогне да го модернизираат производството, да заштедат вода и да ги подобрат приносите во комбинација со добри земјоделски практики.

„Пристапот до вода за наводнување ќе нè направи помалку ранливи на климатските промени, но исто така ќе ни овозможи да го прошириме изборот на земјоделски култури и да ја зголемиме вредноста на нашите производи за пазарот“ – вели Кети. Таа и Љупчо се подготвени да научат како да одгледуваат нови култури погодни за локалните климатски и почвени услови или да користат нови технологии во кои инвестирале. Заинтересирани се да истражат можности за одгледување медицински билки и зачини, вклучително органско нане и шафран. Тие имаат присуствувано на неколку работилници за органско производство и ќе продолжат да бараат стручни совети за да истражат нови можности за диверзификација на производството и зголемување на нивниот приход.

Подобрувањето на структурата на земјоделското земјиште и зголемувањето на пристапот на земјоделците до инфраструктура, технологии и пазари е клучно за иднината на системите за храна и може да ги привлече младите во овој сектор. Ова позитивно влијае на мобилноста од руралните во урбаните средини, поттикнува еднаков и одржлив економски раст. Позитивното искуство на семејниот земјоделец од Егри треба да ги инспирира другите рурални заедници во Северна Македонија активно да учествуваат во консолидацијата на земјиште каде сите учесници имаат придобивки.

Неколку консолидациони области, меѓу кои Соколарци, Спанчево (Општина Чешиново-Облешево), Логоварди, Оптичари, Трн (Општина Битола) во моментов се во втората фаза од процесот на консолидација на земјоделско земјиште – планирање за распределба на земјиштето и технички дизајн на земјоделска инфраструктура. ФАО има задоволство да соработува со Европската унија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на спроведување на Националната програма за консолидација на земјиштето во Северна Македонија и нејзино проширување ширум државата.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:глобална економијаКонсолидација на земјиштеЉупчо Ангеловскисело Егри
Претходен напис Виетнам забрани увоз и трговија со диви животни
Следен напис Продолжува многу топлото време – детали
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?