Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Купувачите сеуште се воздржани околу купувањето на италијанско овошје и зеленчук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Купувачите сеуште се воздржани околу купувањето на италијанско овошје и зеленчук
АгровестиПазари

Купувачите сеуште се воздржани околу купувањето на италијанско овошје и зеленчук

Објавено 23/07/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откако Италија стана епицентар на вирусот COVID -19 во Европа, тамошните трговци се соочија со голема криза. Велат дека никој повеќе не сака да купува од нивното овошје и зеленчук.

Се чини дека од последната вест за корона кризата во Италија помина доста време, мерките за заштита во поедини европски земји постепено се намалуваат, а работењето полека се враќа во нормала. Но, кога станува збор за овошјето и зеленчукот од оваа земја, купувачите на големо и понатаму покажуваат воздржаност што остава големи последици врз тамошната трговија.

Добриот квалитет, големиот избор и прифатливите цени не се доволни?

Моментално на пазарот има многу плодови набрани во влажните италијански региони.

– „Квалитетот е извонреден, на приемр кај нектарините. Овие сорти се повеќе достапни отколку оние со жолта боја. Цените се исто така вообичаени од 0,50 центи за килограм. Меѓутоа, побарувачката е мала, сите одат кон било кое друго овошје или она од друго потекло“, објаснува за Фрешплаза, Лино Мандука, сопственик на компанијата Italia Natur.

Според него, кризата има катастрофални последици за трговијата со храна, како краткорочно така и долгорочно. „Во екот на кризата, не бев во можност да работам неколку недели. Минатата недела прв пат во животот бев принуден да фрлам 50 сандаци со сицилијански дињи, иако квалитетот на стоката беше многу добар“, вели Мандука во страв дека, најмалку уште две години ќе се чувствуваат последиците од оваа криза.

Пазарот за италијанско грозје, инаку многу популарен сегмент во германската трговија, исто така се карактеризира со слаба потрошувачка. „Мртво е од почетокот на кампањата. Во согласност со тоа ги приалгодивме цените но и понатаму нема голем исчекор“, напоменува тој.

Ќе ја прошират понудата со моцарела, вино и фстаци?

Настанатата ситуацисија почнува да се заканува на бизнисот. „Луѓето се многу внимателни при купувањето на италијанска стока. Тоа е погубно за нашиот извоз. Меѓутоа имаме неколку лојални купувачи и тоа се главно трговци на неделните пазари или специјализирани продавници кои сеуште купуваат од нас“, вели тој.

Постои уште една алтернатива за да може компанијата, која постои повеќе од 30 години, да остане во игра. „Ќе го прошириме нашиот асортиман со други италијански познати производи, како моцарела, конзервирана стока, вино или фстаци. Но, мојата голема страст и понатаму останува на овошјето и зеленчукот“, заклучува Мандука.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
Таг:зеленчукиталијаовошјепоследици од корона вирусоттрговија
Претходен напис Продолжува Африканскиот топол бран со високи температури – детали
Следен напис Хемомак: Сузбивање на болести и штетници во градинарски култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?