Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Десет видеа за развој на домашниот туризам во рамки на кампањата „Дома си е дома”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Десет видеа за развој на домашниот туризам во рамки на кампањата „Дома си е дома”
АгровестиРурален Развој

Десет видеа за развој на домашниот туризам во рамки на кампањата „Дома си е дома”

Објавено 17/07/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Десет видеа во кои се прикажани различни активности – јавање коњи, возење велосипед, параглајдерство, нуркање низ различни локации во земјава, а кои може да им бидат на располагање на туристите, изработи Агенција за промоција и поддршка на туризмот со Швајцарската агенција за развој и соработка во рамки на кампањата „Дома си е дома”.

Целта на овие видеа е мотивација на домашните туристи да ја откријат својата омилена дестинација.

Директор на Агенција за поддршка на туризам, Љупчо Јаневски на денешната прес-конференција истакна дека за десетина дена, во снимање на овие прекрасни десет видеа се поминати околу 4.200 километри, и 160 часовен теренски работи.

Во видеата, појасни директорот, се прикажани околу триесет дестинации во кои има над 80 атракции, дел видени дел можеби не. Исто така и 28 градови, градчиња, села, населени места кои доколку се посетат, државава можеби ќе се види на еден поразличен начин.

-Тоа што започна пред два и пол до три месеци во средина на Ковид кризата израсна во нешто што се вели „Дома си е дома”. Целото човештво беше исправено пред еден голем предизвик, а секако еден од секторите како што е туризмот е еден од најпогодените од почетокот на самата криза. Целта е да ги мотивираме домашните туристи да ја откријат својата дестинација бидејќи во 2019 година, 32 проценти од вкупниот број на туристите биле домашни. Во 2020 година тој број поради Ковид криза ќе биде поголем, и очекувам од септември да почнеме со уште поголема кампања, рече Јаневски.

Нашата држава, според швајцарска амбасадорка во земјава, Сибил Сутел Техада, е прекрасна земја со многу места кои го одземаат здивот, но луѓето понекогаш немаат информации околу тоа со какви активности може да се занимаваат на одредена локација. Токму затоа, како што рече амбасадорката на денешната прес-конференција, овие видеа ќе ги инспирираат луѓето да се пуштат во авантура и да ја доживеат својата држава на еден поинаков начин.

-Швајцарија го поддржува активниот туризам во земјава од 2013 година и сигурни сме дека вашата држава има потенцијал да се развие во одржлива туристичка дестинација. Активниот туризам има позитивен финансиски ефект врз локалните заедници бидејќи многу мали локални бизниси учествуваат во овие туристички активности. Активниот туризам има минимално негативно влијание врз животната средина, рече таа.

За жал, укажа, пандемија со Ковид-19 го исправи светот пред многу предизвици, а ова особено важи за туристички сектор но, секој предизвик носи и можности, а можностите за туристичкиот сектор се подобар пристап за домашните туристи, а наскоро и за странските.

Според амбасадорката Техада, оваа кампања е симбол на соработка и како што рече, важно е во неа да се вклучат сите туристички чинители и да ја искористат во промоција на нивната понуда.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:десет видеадома си е домадомашен туризамразвој на домашниот туризамШвајцарска амбасада
Претходен напис Одгледување на краставици на мрежа
Следен напис Со нов проект на ФАО ќе се зајакнува отпорноста на земјоделството кон климатските промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?