Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Финишира категоризацијата на свињарските фарми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Финишира категоризацијата на свињарските фарми
АгровестиСточарско производство

Финишира категоризацијата на свињарските фарми

Објавено 15/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во завршна фаза на реализација се активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за категоризација на одгледувалиштата на свињи кои имаат минимум една единка, со цел утврдување на степенот на ризик. Од 25 мај до 10 јули, од страна на ветеринарните друштва кои имаат склучено договори со Агенцијата за храна и ветеринарство за извршување на активности од јавен интерес, спроведени се ветеринарни посети и извршени клинички прегледи на 96,1 процент, односно на 2 778 од евидентираните 2 888 одгледувалишта.

Од нив, 319 одгледувалишта категоризирани се како одгледувалишта со низок ризик, 2 141 со среден, а 318 одгледувалишта, евидентирани се како фарми со висок ризик.

Евалуација (проценка на извршената категоризација спроведена од страна на ветеринарните друштва) ќе се спроведе од страна на официјални ветеринари и стручни лица од АХВ.

Дополнително, од страна на официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство, во тек е спроведување на контроли на одгледувалиштата каде по спроведениот попис во февруари годинава, кај 850 одгледувалишта е утврдено дека нема свињи. Контроли се спроведуваат и кај малите фарми, кај кои оваа година, за прв пат се спроведени клинички прегледи од страна на ветеринарните друштва.

Врз основа на спроведениот попис на одгледувалишта на свињи со вкупно 133 397 единки, утврдено е дека најголемиот број од свињите, односно околу 70 проценти од популацијата, или 92 934 единки се одгледуваат во 16 големи свињарски фарми, со над 1 000 единки. Во 69 фарми (од 101 до 1 000 единки) се одгледуваат 20 976 свињи, во 464 фарми кои имаат од 11 до 100 единки, евидентирани се вкупно 12 361 свињи, а во 2 339 фарми со 1 до 10 единки, евидентирано е дека се одгледуваат 7 126 свињи. 
 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвзавршна фазакатегоризацијасвињарски фармисточарствофарми
Претходен напис Во Следните денови услови за локално невреме
Следен напис Обука за подобрување на подготвеноста во справувањето со Африканска свинска чума
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?