Со повикот да ја посетат Војводина и да уживаат во нејзината идилична атмосфера, без разлика дали се во прашање селата, манастирите или културните атракции, во изминатите две години Туристичката организација на Војводина посебно внимание посветува на селскиот туризам, кој е во експанзија.

Селските домаќинства освен услуги за сместување и автентична гастрономија нудат и разни други содржини за да го надополнат престојот на туристите. Секое село во Војводина е специфично, но она што е заедничко за сите села е гостољубивоста на домаќините.
-„Туристичката организација на Војводина активно ја промовира целокупната туристичка понуда, а секако тука спаѓаат и руралниот и селскиот туризам. Тоа го прават преку веб страни, потоа изработени се и мобилни апликации каде посетителите исто така можат да ја пронајдат целокупната понуда кога е во прашање руралниот туризам“, изјави Милица Шушњиќ, од Туристичката организација на Војводина.

Според официјалните податоци на Републичкиот завод за статистика, Војводина во текот на минатата година ја посетиле над половина милион туристи, а половината од нив биле странци. Оваа година, во првите два месеци врз основа на пристигнатите податоци забележано е рекордно зголемување на бројот на туристи, меѓутоа во текот на пандемијата предизвикана со корона вирусот тој број значително е намален.
Извор: RTV
