За сите на кои палачинките во солена верзија им е секогаш повкусен избор.
Состојки:
- 12 палачинки
- 400 грама мелено мешано месо
- 1 помал кромид
- 1 лажица доматно пире
- 12 парчиња полутврдо сирење
- Сол, бибер
- масло
- 350 мл јогурт
- 100 грама лебни трошки
- 2 чешниња лук
- 50 грама рендан пармезан
Подготовка:
Исчистете го кромидот и исецкајте го на коцки, пропржете го на малку масло, додајте мелено месо и пржете додека не ја смени бојата. Продолжете да динстате со постепено додавање на вода околу десет минути, а потоа додадете доматно пире, зачинете со сол и бибер и динстајте додека вишокот течност не испари.
На секоја палачинка ставете лажица од месниот фил и парче сирење. Скрстете ги страничните делови на палачинките кон средината и свиткајте ги. Во една чинија измешајте јогурт со пасиран лук, а во друга презли и пармезан. Наполнетите палачинки потопете ги во смесата од јогурт и лук, а потоа завиткајте ги во смесата од презли и пармезан.
Тавата обложете ја со хартија за печење, наредете ги палачинките и одозгора испрскајте со масло. Печете во загреана рерна на 200 степени додека не поруменат.
Сервирање:
Печените палачинки послужете ги со омилен сос и салата.
МИА

