Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Подигнете расадници за одгледување на цвеќе, украсни растенија и дрвја, преку ИПАРД 3: Механизација, системи за наводнување, опрема за контрола и заштита…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ИПАРД > Подигнете расадници за одгледување на цвеќе, украсни растенија и дрвја, преку ИПАРД 3: Механизација, системи за наводнување, опрема за контрола и заштита…
ИПАРД

Подигнете расадници за одгледување на цвеќе, украсни растенија и дрвја, преку ИПАРД 3: Механизација, системи за наводнување, опрема за контрола и заштита…

Објавено 24/11/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како еден од приоритетните сектори во Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси е алтернативното земјоделско производство во кое спаѓаат:

• Одгледување на печурки и тартуфи;
• Хортикултура (расадници и одгледување на цвеќе и цветни папки, украсни растенија, дрвја)

• Медоносни дрва (за производство на мед)
• Производство на семенски и саден материјал;
• Одгледување на зајаци;
• Одгледување на полжави;
• Одгледување на птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки, тетреби, ноеви, емуа и бисерки;
• Одгледување на дивеч;
• Пчеларство;
• Одгледување на билки, семиња, и други зачински и ароматични растенија;
• Насади на дрвја (брзорастечки) за дрвена граѓа и био-маса;

Може да се аплицира за неповратен грант од 60 % за Расадник за одгледување на цвеќе и украсни растенија.

- Реклама -
Ad image

За ваквата инвестиција може да аплицира физичко лице кое сака да започне да се занимава со одгледување на цвеќиња, цветни папки и други украсни растенија, односно да инвестира во изградба и опремување на стакленик, пластеник и сл. каде што ќе ги одгледува цвеќињата, цветните папки и украсните растенија.

Покрај тоа што може да се аплицира за подигнување на самиот пластеник или стакленик каде што ќе се одгледуваат растенијата, може да се аплицира и за набавка на нова земјоделска механизација и опрема која ќе служи за алтернативно земјоделско производство, во конкретниот случај за одгледување на цвеќиња, цветни папки и други украсни растенија. На пример тоа можат да бидат: машини и опрема за подготовка на почва и садење (мотокултиватори, опрема за садење и калемење, ротофрези, плугови, ротобрани, дискови брани, редосеалки, ѓубрерастурачи за минерални ѓубрива, депозитори за семе и ѓубриво, култиватори, расадосадачки, опрема за рамнење, дупчалки за садење, кримлери/ сетвоспремачи, ѓубрерастурачи за арско ѓубре и др.), опрема за наводнување и одржување на растенијата (прскалки, атомизери, системи за наводнување капка по капка, опрема за наводнување (субиригација), микро-прскалки и опрема за наводнување со замаглување, опрема за дистрибуција на вода, опрема за наводнување со ѓубрење, опрема за автоматско дозирање на вода за наводнување), опрема за контрола и заштита (Опрема за надворешно и внатрешно мерење на температура, влага во почва, влажност на воздух, стерилизација на почва, испитување на почва и сл).

Новина во оваа програма ќе биде предфинансирањето, односно променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.  

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра.

Во продолжение прочитајте повеќе за што се може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни:

Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регистрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони евра.

-Задруги

Може да ви се допадне

КАКО БАНКИТЕ ВО РЕГИОНОТ ги поддржуваат земјоделците: Примерите на Словенија и Хрватска што носат милиони на нивите
Подигнете нов насад со ЛЕШНИЦИ, ОРЕВИ, КАЈСИИ и други овошни култури со 60% грант преку ИПАРД
ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2026 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД!
Како до 600.000 евра неповратен грант од ИПАРД за производство на мебел: Нови машини, опрема, објекти
600 000 евра ГРАНТ за подигнување НОВ НАСАД, изградба на ФАРМА или набавка на земјоделска МЕХАНИЗАЦИЈА
Таг:ипардповикукрасни растенија
Претходен напис КАКО БАНКИТЕ ВО РЕГИОНОТ ги поддржуваат земјоделците: Примерите на Словенија и Хрватска што носат милиони на нивите
Следен напис Студено, кон крајот на денот повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?