Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Димковски на увид во активностите од втора фаза на процесот за консолидација на земјоделско земјиште во Логоварди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Димковски на увид во активностите од втора фаза на процесот за консолидација на земјоделско земјиште во Логоварди
Агровести

Министерот Димковски на увид во активностите од втора фаза на процесот за консолидација на земјоделско земјиште во Логоварди

Објавено 12/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска беше на увид во активностите од втора фаза на процесот за консолидација во Логоварди, кое е многу значајно земјоделско подрачје во Пелагонискиот регион.

Процесот на консолидација опфаќа неколку фази, а во Логовади се спроведува веќе втората фаза-Планирање на распределба на земјоделското земјиште и на потребните интервенции во земјоделската инфраструктура.

„Конкретно, ова подрачје опфаќа дури 393 ха земјоделско земјиште а е расцепкано на 769 земјишни парцели кои се во сопственост на 397 сопственици. Просечниот број на парцели по сопственик изнесува 2,4 со просечна големина на парцела од само 0,5 ха.

Поради оваа расцепканост голем дел од парцелите немаат пристап до пат а со застарениот начин на одводнување изложени се на голем ризик од поплави па поради овие фактори затоа Логоварди е меѓу првите 10 подрачја во нашата држава  каде што беше започнато окупнување или  консолидација на земјиште“-изјави министерот Димковски.

Консолидација на земјоделско земјиште е транспарентен процес во кој најважна улога имаат сопствениците на земјоделско земјиште кои учествуваат во процесот.  Секој учесник е консултиран и активно учествува во секоја фаза од постапката.

Програмата за консолидација тековно се спроведува на повеќе локации во државата, вклучително Логоварди и Оптичари (Општина Битола), Соколарци, Спанчево (Општина Чешиново-Облешево), Трн (Општина Битола), Лешани (Општина Дебарца), Кожле (Општина Петровец), Дабјани (Општина Долнени).

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:консолидацијалоговардимзшвПелагониски регионТрајан Димковски
Претходен напис Викенд метео анализа
Следен напис Детално метео: Од денес пониски температури и северен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?