Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027
Агровести

Продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027

Објавено 21/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година. За предложениот буџет поднесени се 400 амандмани од овластени предлагачи. 

На вчерашниот прв ден од амандманската расправа беа разгледани и отфрлени околу 30 амандмани поднесени од опозициските партии. Најголем дел од разгледаните амандмани предвидуваа зголемување на финансиски средства за електронско следење на насилниците и за систем за предупредување на жртвите, за поддршка на меѓуетничките односи и правична застапеност, како и за унапредување и модернизација на собранискиот канал, за набавка на систем за џи-пи-ес уреди за следење на службени возила, на вработени во одбраната и за одбраната, како и за противпожарните служби, за поддршка на долгорочно невработени лица….

Во Предлог-буџетот за 2027 година вкупните приходи се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, што е 5,7 отсто повеќе во споредба со 2026 година, а вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, што е за 4,8 отсто во споредба со 2026 година.

Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 отсто од БДП, и е во согласност со фискалната стратегија за периодот 2027 – 2031 година.

- Реклама -
Ad image

За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти во согласност со законското усогласување.

МИА

Може да ви се допадне

АМСМ: Поради метеж на терминалот Блаце, товарниот соовбраќај пренасочен од г.п Блаце кон бензиска „Дизел“
АХВ: Од понеделник продолжуваат дијагностичките испитувања за бруцелоза кај говедата
Просечната нето-плата во септември 49.141 денар
Монетарни движења во октомври 2026 година
До 200.000 евра казни за нефер трговски практики, најави Дурмиши
Таг:2027амандманската расправапредлог-буџетот
Претходен напис Променливо облачно, во западните делови повремено ќе има засилен ветер
Следен напис АМСМ: Поради метеж на терминалот Блаце, товарниот соовбраќај пренасочен од г.п Блаце кон бензиска „Дизел“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?