Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство е амандманска расправа за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во второ читање. За предлог-законот поднесени се 14 амандмани од овластени предлагачи.
На втората седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство е Предлог на законот за изменување на Законот за рибарство и аквакултура, по скратена постапка.
На Комисија за финансирање и буџет ќе се одржи амандманска расправа за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити – во второ читање. За предлог-законот поднесени се 18 амандмани.
Пред членовите на Законодавно-правната комисија е Предлог на законот за изменување на Законот за рибарство и аквакултура, по скратена постапка.
МИА

