Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој информираа дека во декември ќе има повик за три мерки од ИПАРД – Мерка1, Мерка 3 и Мерка 7.
За сите заинтересирани лица кои планираат да инвестираат со ГРАНТ од ИПАРД уште една поволност која е новина за ИПАРД 3 програмата, а тоа е можноста за авасна исплата до 50 отсто од финансиската поддршка, по потпишување на договорот.
Корисникот има право да бара авансно плаќање до 50% од вкупната финансиска поддршка, најдоцна до 60 дена од денот на потпишување на Договорот.
Во случај кога има две фази, корисникот има право на авансно плаќање до 50% од износот на одобрената финансиска поддршка на инвестицијата за првата фаза (со исклучок на општите трошоци).
Корисникот е обврзан да поднесе барање за авансно плаќање придружено со банкарска гаранција што одговара на 110% од износот на Авансот.

