Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Серафимовски: Започна откупот на тутун по цена од 435 денари за килограм прва класа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Серафимовски: Започна откупот на тутун по цена од 435 денари за килограм прва класа
Агровести

(ВИДЕО) Серафимовски: Започна откупот на тутун по цена од 435 денари за килограм прва класа

Објавено 17/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Започна откупот на годинешната реколта по цена од 435 денари за килограм тутун од прва класа, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски при посетата на откупниот пункт на Тутунскиот комбинат во Прилеп, кој денес има отворено 34 откупни пункта, а на кои досега се откупени повеќе од шест тони тутун. 

„Очекуваме повеќе од 96 отсто од тутунот да биде откупен во прва класа, што значи дека ќе успееме да ја задржиме цената. Оваа цена е и по барање на самите тутунари“, рече министерот Серафимовски.

Тој информираше дека површините под тутун годинава се зголемени во однос на лани и изнесуваат околу 15.100 хектари, при што посочи дека се очекува род од 26 до 30 милиони килограми, кој ќе се откупува според претходно склучените договори.

„Во разговор со Сојузот на тутунари и со останатите тутунари ќе предложиме ново решение, односно зголемување на субвенцијата од 80 на 90 денари, од причина што сакаме да излеземе во пресрет на поголем дел од тутунарите и земјоделците што го предаваат својот тутун“, најави министерот Серафимовски, појаснувајќи дека ќе се предложат измени во самата програма, основната мерка и зелената нафта да бидат укинати, но затоа да добијат дополнително 10 денари субвенција на тутун.

- Реклама -
Ad image

Тутунот од втора класа се откупува по цена од 370 денари, додека, пак, од трета класа по 305 денари за килограм.

Државниот инспекторат за земјоделство е на терен од првиот ден на откупот, во наредните денови контролите ќе ги опфатат сите 317 пунктови на десетте регистрирани откупувачи во земјата. 

Може да ви се допадне

Серафимовски со нов предлог: Oсновната мерка и зелената нафта да бидат укинати, а да се зголеми субвенција за тутун од 80 на 90 денари
Шумската полиција се засилува: Доделени уверенија на 81 полицаец и еден заменик-командир
Од полноќ ново намалување на цените на горивата
Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите, ќе се прецизираат роковите
Митовски за кравите: Дајте ми мандат за дејствување, ќе го решам проблемот
Таг:откупсубвенциитутун
Претходен напис Шумската полиција се засилува: Доделени уверенија на 81 полицаец и еден заменик-командир
Следен напис Серафимовски со нов предлог: Oсновната мерка и зелената нафта да бидат укинати, а да се зголеми субвенција за тутун од 80 на 90 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?