Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
Агровести

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

Објавено 14/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со дистрибуција до ветеринарните друштва на обезбедените 400.000 дози од вакцините против болеста сипсници кај овци и кози. Вакцините се од турско производство и обезбедени се како донација од Европската унија. Според очекувањата, согласно одбрениот План за вакцинација од ЕУ, од среда се очекува да почне и аплицирањето на вакцината на терен. АХВ ги доби резултатите од лабараториските тестирања  на вакцината кои беа спроведени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Проверен и потврден е нивниот квалитет како една од најдобрите вакцини за заштита на добитокот од оваа болест, како и нивната микробиолошка исправност и јачина.

Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042  животни во осумте региони. Првата фаза ги опфаќа Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Втората фаза ги опфаќа Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот со 1.558 стада  и 244.515 животни.

Со третата фаза  ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Оваа фаза ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во постпарталниот период за кои вакцинацијата е одложена по документирана проценка на ризик – бенефит. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози од целната популација, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација во согласност со упатството за употреба на специфичниот ветеринарно медицински препарат, во согласност со карактеристиките на производот или упатството за употреба на специфичната вакцина. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината. 

Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на болеста сипаници коај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875  животни, а нештетно отстранети се 9359 животни.

- Реклама -
Ad image

Агенција за храна и ветеринарство 

Може да ви се допадне

Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена
Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата
Без вода дел од Центар поради уличен дефект
Саем на домашна храна „Вкуси ја традицијата“
Мајкрософт: Охрабрувачки напредок во обновувањето на услугите во Европа
Таг:ахввакцинитедистрибуцијатакозиовцисипаници
Претходен напис УХМР: Најстудено утрово на Попова Шапка со шест степени, најтопло во Битола со 14
Следен напис Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?