Едноставно, домашно јадење со богат вкус и мирис што потсетува на традиционалната кујна. Динстаната зелка со малку чадено месо е вистински избор за вкусен семеен ручек.
Потребни состојки:
- 1 главица свежа зелка
- 50–100 г чадена сланина (панцета)
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- 1 морков
- 1 лажица доматно пире
- Магдонос
- Масло или маст
- Сол, црн бибер и мешан зачин
- Суво месо или чадени колбаси, по желба
Подготовка:
На малку масло или маст пропржете го ситно сечканиот кромид додека омекне. Додајте ја сланината исечена на парчиња и кратко пропржете. Зелката исечете ја на подебели ленти и додајте ја во тенџерето. Динстајте 10 минути со повремено мешање.
Потоа додајте ги ситно сечканиот лук и магдонос, морковот исечен на кругови и доматното пире. Зачинете по вкус и додајте малку вода.
Пред крајот додајте чадени колбаси или парчиња суво месо и продолжете со динстањето додека зелката целосно омекне и вкусовите се соединат.
МИА

