Лесен и брз рецепт за ќофтиња со тиквички
Состојки:
- 300 грама тиквички
- 80 грама туна од конзерва
- 70 грама рендано сирење
- 1 јајце
- 100 грама лебни трошки
- 1 лажица брашно
- 1 лажиче сув зеленчук
- бибер
- сецкан магдонос
- масло
Подготовка:
Излупените тиквички исецкајте ги на коцки и згответе ги, по можност на пареа. Во изладените тиквички додајте исцедена туна, ситно изрендано сирење, лебни трошки, брашно, јајце, сецкан магдонос, сув зеленчук и бибер и сè добро измешајте.
Ако треба, додајте малку сол. Формирајте ќофтиња и валкајте ги во лебни трошки. Пржете ги во загреано масло од едната и од другата страна. Готовите ќофтиња исцедете ги на кујнска хартија. Ќофтињата сервирајте ги со сварен млад компир.
МИА

