Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сочни чоколадни браунис коцки со лешници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Сочни чоколадни браунис коцки со лешници
Магазин

Сочни чоколадни браунис коцки со лешници

Објавено 06/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Богат чоколаден вкус, кремаст слој од лешници и крцкави парчиња чоколадо одозгора. Овие сочни браунис коцки се вистинско уживање за сите љубители на чоколадните десерти!

Потребни состојки за тестото:

  • 200 г темно чоколадо
  • 150 г путер
  • 180 г шеќер
  • 3 јајца
  • 100 г брашно
  • 30 г какао
  • 100 г таан (сусамов путер)
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 прстофат сол


За кремастиот слој:

  • 350 г крем од лешници


За посипување:

- Реклама -
Ad image
  • 50 г сечкано темно чоколадо
  • 30 г сечкани лешници
  • 1 лажица сусам (по желба)


Подготовка:

Најпрво подгответе го кремастиот слој. Калап со димензии 20 × 20 см обложете го со хартија за печење и рамномерно распоредете го кремот од лешници. Ставете го во замрзнувач 30–60 минути, додека да се стегне. Извадете го заедно со хартијата и вратете го во замрзнувач до употреба. Рерната загрејте ја на 160 °C.

Темното чоколадо и путерот растопете ги на пареа или на тивок оган. Оставете ги малку да се изладат. Јајцата и шеќерот кратко изматете ги со жица за матење. Додајте ги растопеното чоколадо со путерот, таанот и ванилата, па промешајте. Брашното, какаото и солта просејте ги и додајте ги во смесата.

Мешајте со шпатула додека добиете изедначено тесто. Поделете го тестото на два еднакви дела. Првата половина распоредете ја во калапот и израмнете ја. Врз неа ставете го замрзнатиот слој од кремот со лешници, а потоа распоредете ја преостанатата смеса. Одозгора посипете со сечканото темно чоколадо и лешниците, лесно притиснете ги во тестото, а по желба додајте и сусам. Печете околу 30–35 минути на 160 °C.

Оставете го браунисот да се излади во калапот, а потоа префрлете го на решетка за целосно ладење. Изладениот браунис исечете го на коцки и послужете го.

Фото: Magnific

МИА

Може да ви се допадне

Домашни путер кроасани
Карела или горчлива диња – Лесно се одгледува, а содржи многу витамини и минерали
Миризлив колач со бадеми и дуњи
Пире од сладок компир
Рижото со печурки
Таг:браунискоцкилешнициСочни чоколадни
Претходен напис Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
Следен напис Можни прекини во платежните трансакци викендов поради прилагодување на банките за новите стандарди во платниот промет
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?