Од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска информираа дека сите земјоделци, производители на храна и локални производи може да се пријават на објавениот јавен повик за учество на биопазарот во Кавадарци.
– Право на учество имаат физички и правни лица, кои ги исполнуваат пропишаните услови и произведуваат или продаваат свежо овошје и зеленчук, мед, традиционални прехранбени производи, вино, ракија, органски производи и други земјоделски и прехранбени производи. Да ги поддржиме нашите земјоделци и локални производители и заеднички да придонесеме за развој на земјоделството во тиквешкиот регион – посочија од кабинетот на градоначалникот.
За начинот на пријавување и потребната документација, заинтересираните производители треба да ги погледнат условите во објавениот јавен повик.
МИА

