Најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, наврнал во Гевгелија – 29 литри на квадратен метар. Во Берово се измерени 16 литри, додека во Прилеп, Демир Капија и на Попова Шапка по 10 литри на квадратен метар. Во Претор и Струмица наврнале по 9 литри, во Маврови Анови 8, а во Скопје-Петровец и Куманово по 6 литри на квадратен метар. Помали количества дожд се регистрирани и во останатите делови од земјата.
Според прогнозата на УХМР, врнежите ќе продолжат и денеска. Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Локално се очекува дождот да биде пообилен, со над 15 литри на квадратен метар.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи од 11 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
МИА

