Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Воведувањето вињетки драстично ќе го поскапи патувањето, Николоски вели дека преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Воведувањето вињетки драстично ќе го поскапи патувањето, Николоски вели дека преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани
Агровести

Воведувањето вињетки драстично ќе го поскапи патувањето, Николоски вели дека преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани

Објавено 28/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Воведувањето вињетки во Македонија драстично ќе го поскапи патувањето, зашто преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според Николоски, автопати и експресни патишта користат не повеќе од 30 отсто од возилата во земјава.

– Ние правевме студија. Воведувањето на винетките во Македонија драстично ќе го поскапи патувањето, зашто преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани. Тоа значи дека автопати и експресни патишта користат не повеќе од 30 отсто од возилата. Кога би се вовел ваков систем, обврската би била за сите и тогаш тоа би значело сериозно поскапување на регистрацијата на возилата, имајќи предвид дека нашите два коридора, 8 и 10, се пан-европски и главно транзит се користат. Оние големи суми за патарини кога ќе ги слушнете, од кои ги градиме автопати и експресните патишта, во суштина во сериозен процент се од транзит патници, односно од патници кои не се од Македонија. На пример, коридорот 10 има 10 милиони патници годишно или околу 4,5 милиони возила, а Македонија има еден милион и 800 илјади жители, така што мислам дека е се јасно, истакна Николоски пред претставниците на Македонско-германското стопанско здружение.

Одговорајќи на прашање на една од компаниите, дали се во план некаков тип стимулации или воведување годишни винетки за компаниите чии вработени патуваат секој ден од Скопје и назад, вицепремиерот се согласи дека ова е добра идеја која ќе биде разгледана со Јавното претпријатие за државни патишта.

- Реклама -
Ad image

-Се согласувам дека идејата е добра, особено за оние што имаат дневна мобилност. Можеме за ова да поразговараме со Јавното претпријатие за државни патишта, нагласи Николоски. 

МИА

Може да ви се допадне

Николоски и пред германските компании во земјава го предочи проблемот на транспортерите, побара да лобираат кај нивните власти
АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше
Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
Научници: Климатските промени треба да се прогласат за глобална здравствена криза
МЕРМС: Напредува гасоводот со Грција, се подготвува интерконекторот со Србија и се работи на оспособување на домашната мрежа
Таг:70 процентивињеткиНиколоскипатувањеторегистрирани
Претходен напис Дожд и утринска магла во наредните денови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?