Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николоски и пред германските компании во земјава го предочи проблемот на транспортерите, побара да лобираат кај нивните власти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николоски и пред германските компании во земјава го предочи проблемот на транспортерите, побара да лобираат кај нивните власти
Агровести

Николоски и пред германските компании во земјава го предочи проблемот на транспортерите, побара да лобираат кај нивните власти

Објавено 28/10/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска, повторно акцентирајќи го проблемот на превозниците, изрази надеж дека Германија, но и останатите земји членки на шенген-зоната, ќе го следат примерот на Швајцарија и Хрватска во однос на воспоставувањето билатерални договори. Притоа, упати молба до членовите на Македонско-германското стопанско здружение за заедничко дејствување во насока на што поскоро отстранување на бариерата со визите и престојот на транспортерите.

Николоски потенцира дека веќе 11 месеци превозниците имаат сериозни проблеми со новиот „егзит-ентри“ систем и од повеќето шенген држави сè третираат како туристи.

Сепак, според него, со уште неколку земји преговорите за решение се во напредна фаза. Словенија, Германија, Австрија и Унгарија, се некои од земјите со кои треба да се склучат билатерални договори.

-Ние можеме да зборуваме доста за инвестиции, да разменуваме мислења ама на крајот на денот, ако стоката што се произведува тука и во целиот регион не може да стигне до крајната дестинација, тогаш сè е бескорисно. Влегуваме во 11-ти месец како нашите превозници имаат сериозни проблеми со новиот „егзит-ентри“ систем што се воведе. Се уште во најголем број од земјите членки на шенген – зоната, вклучувајќи ја, за жал, и Германија, сè третираат како туристи што е далеку од она што е реалност и не можат да останат повеќе од 90 во рамки на 180 дена. Во овие 11 месеци ние сме во интензивна комуникација со Европската комисија и тука морам да споделам две искуства. Едното е позитивно, а второто е резервирано. Во однос на позитивното, добро е што уште во февруари Европската комисија излезе со новата визна стратегија со која возачите се препознати како професионалци, исто како пилотите и машиновозачите. Резервираното е дека, за жал, оттогаш не е направен голем чекор на ниво на шенген – зоната, за да може ова да се имплементира, истакна Николоски во обраќањето на средбата што ја организираше Македонско-германското стопанско здружение во Скопје.

- Реклама -
Ad image

Тој уште еднаш укажа на значењето на патниот превоз кој се уште е, рече, доминантен.

-Кога увидовме дека не се прават заеднички чекори, решивме билатерално да соработуваме и веќе имаме неколку позитивни примери. Швајцарија веќе издава билатерални визи што го решава проблемот на луѓето кои патуваат до Швајцарија. И Хрватска почна да издава билатерални визи. Во напредна фаза сме со уште неколку држави. Се надевам дека и Германија ќе го направи тоа и на тој начин ќе можеме да го решиме овој проблем. За да можеме доминатно да го користиме друмскиот сообраќај, оние што го вршат превозот треба да можат да стигнат до крајната дестинација и да се да се вратат дома. Еве една замолница, сите заедно да работиме за да биде отстранета оваа бариера. Проектите што ги зборуваме за железницата ќе ја видат својата реализација во следните три до седум години. Значи, за да станат оперативни овие рути ни требаат три до седум години. Во меѓувреме, доминатно ќе се користи друмскиот сообраќај, подвлече Николоски. 

Македонско-германското стопанско здружение оцени дека може да помогне во делот на лобирањето.

-Она што го добиваме како одговор е дека секоја држава води своја политика во делот на влези и излез во државата и затоа се потребни вакви билатерални договори. Ако склучиме повеќе билатерални договори, тогаш ќе имаме помалку проблеми. Точно е дека и за Швајцарија и за Хрватска визите важат на нивна територија. Најчесто рутата што се користи е Хрватска, Словенија, Германија, Австрија, Унгарија и тоа може да е проблем. Ова се државите што ни требаат, со кои би требало да потпишеме договори, покрај Хрватска и Швајцарија кои ги имаме како држави каде што најмногу се извезува македонска роба и од каде што најмногу се увезува. Така што, едно лобирање во тој дел мислам дека би било значајно. Од почеток не се согласував со размислувањата дека ова е обид да се наметнат странски превозни компании да работат во Македонија. И излезе дека не е така, особено што нивната цена е шест до осум пати, не шест до осум отсто, туку 600 до 800 проценти повисока од онаа на домашните компании, нагласи Николоски.

Министерот и вчера, на бизнис форумот во Скопје што го организираше „Свис чем“, апелираше дека решавањето на проблемот на транспортерите е од исклучително значење. 

МИА

Може да ви се допадне

АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше
Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
Научници: Климатските промени треба да се прогласат за глобална здравствена криза
МЕРМС: Напредува гасоводот со Грција, се подготвува интерконекторот со Србија и се работи на оспособување на домашната мрежа
Конференција за дигитализација на противпожарната заштита
Таг:компанииНиколоскитранспортерите
Претходен напис АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше
Следен напис Дожд и утринска магла во наредните денови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?